
После 90 минути фудбал немало голови а Марибор во 101-ва минута добил огромна шанса да стигне до вредниот трофеј кога добиле пенал. Но Хрватот Марко Толиќ се посрамотил во обид да се направи мангуп со изведена паненка:
Олимпија која што во својата прва самостојна тренерска сезона ја води Шпанецот Алберт Риера (играше за Ливерпул) повела во 103’ минута преку Ласитскас, а Немања Митровиќ израмнил само девет минути подоцна.
Драмата продолжила кога главниот судија на мечот Бојан Метрик во 123’ минута досудил уште еден пенал, овојпат контроверзен за Љубљанчани. Фудбалерите на Марибор бурно протестирале и добиле еден куп жолти картони.
Сигурен реализатор за Олимпија бил Тими Макс Елшник кој ѝ донесе двојна круна на Олимпија која неодамна ја освои и шампионската титула во првенството.