Чуден меч во Англија, 10 минути не мрдаа ни едните ни другите

Во сенка на супер дуелите во Лига на шампиони, во Англија редовно коло играа пониските лиги. Интересна и необична епизода имало на средбата Гилингем - Лејтон Ориент во Лига 2. Домаќините играле за опстанок во лигата, а гостите за пласман во посериозен и повисок ранг. Пред крајот имало циркус.

Пред крајот од мечот откажале рефлекторите, имало долга пауза, а кога веќе ги знаеле резултатите од другите средби кои завршиле и исходот на табелата, двете екипи во последните десет минути бесконечно ја гњавеле и давеле топката без напад кон противнички гол.

20 април 2023 - 10:35