Централната банка на Аргентина размислува да ги стави Меси и другарите на банкнота

Аргентина уште чувствува последователни шокови од големата победа на Светско првенство. Многу страни се тркаат кој како да ги величи и награди фудбалерите кои ја донесоа дома третата светска шампионска титула.

Согласно информациите кои стигнуваат од аргентинските медиуми, главниот финансиски орган во државата, Централната банка на Аргентина ја разгледува можноста да го овековечи триумфот на Светско првенство со тоа што би го ставила ликот на Лионел Меси на банкнота од 1.000 пезоси.

Од другата страна на банкнотата би била групната фотографија при подиграње на највредниот златен пехар за победник на Светско.

На таа страна би стоел и натписот La Scaloneta, односно прекарот на селекторот кој што ја водеше оваа славна генерација.

22 декември 2022 - 09:28