Цел тим во Германија се презива Куртановиќ

Германските медиуми ги привлекол еден необичен куриозитет: во фудбалската Д лига, во десетта дивизија од тамошниот фудбал, има тим кој се вика ДЈК Флоршхајм и за кој скоро сите играчи од прв до последен се презиваат Куртановиќ.

Овој тим доаѓа од округот Мајна-Таунус-Креис и е уникатен по тоа што сите членови во екипата се презиваат Куртановиќ.

Кога на пример одите на стадионот на Ајнтрахт Франкфурт за време на домашен натпревар, и кога спикерот го чита составот, илјадници луѓе ќе грмат презимиња на играчите: „Мармуш!“, или „Екитике!“ или „Трап“!.

Ако возите половина час подоцна низ Мајна после стадионот, ќе стигнете до игралиште на еден тим од десет лиги подолу.

Во градчето Флершајм кое брои 20.000 жители, секој натпревар гледачите слушаат само: „Куртановиќ!“, „Куртановиќ!“, „Куртановиќ“! 

Целата приказна ја почнал Харис, нормално Куртановиќ. Дури 12 играчи во екипата се презиваат со исто презиме. Тоа значи дека во секој момент тие може да имаат цела прва постава со истото презиме.

Пред неколку години, жителите на Флершхајмер се здружиле со колеги студенти од факултет со цел да основаат сопствен тим. Таа идеја не им била лесно остварилва, зошто требало да најдат верни и доследни соиграчи кои ќе бидат мотивирани редовно да доаѓаат на тренинзи и натпревари покрај сите обврски што ги имаат во приватниот живот.

Се собрале роднините, браќата, братучедите, чичковците на Харис Куртановиќ и брзо нашле решение за овој проблем.

„На кои играчи најмногу можам да им верувам? На моите роднини и браќа“, рекол Харис кој е играч и тренер на екипата, а по потреба и голман на тимот кој се вика ДЈК Флершхајм во интервју за хр-спорт.

Покрај ова презиме Куртановиќ во екипата има и некои другари на Харис, од неговиот криг на пријатели, како на пример Кевин Дефус кој игра стопер во одбраната.

„Секако дека одвреме-навреме имате мајтапи, но момците многу добри ме пречекаа, сите припаѓаме на овој тим и многу е забавно“, вели Кевин.

Харис вели:

„Дури и со некои различни презимиња во тимот, збунетоста е неизбежна и на натпреварите на ДЈК Флоршхејм. Ни користи и тоа што противниците некогаш се збунети поради презимињата“. Како на пример при корнер кога противничкиот тренер би рекол „Чувај го Куртановиќ“.

„Некои дури и мислеа дека Куртановиќ е спонзор на клубот, а дури подоцна видоа и други презимиња на дресовите“.

Но играчот и тренер Харис Куртановиќ најавил дека ова скоро би можело да се смени, затоа што спремаат нови играчи во екипата. 

Тука може да ги видите Куртановиќи.

20 декември 2024 - 08:54