Победивме. Повторно. Шести пат по ред. Рекорд поделен со Барца, Кјело, Лео, Стефан и Клаудио. Старите на групата (стари онака се кажува, со исклучок на Андреа, тој е стварно стар). Со текот на месеците, натпреварите и успесите, многумина зборуваа за најавена победа, за чист пат, за првенство во опаѓање, за очигледна супериорност. Не се сложувам.
Тоа е мислење на оние што не освоиле ништо и кои имаат тенденција да го банализираат напорот. Во оваа шеста титула нема ништо здраво за готово, предвидливо и сигурно. Бевме фаворити, се разбира со оглед на тоа што го изградивме последните пет сезони. Но тргнавме од нула, се соочивме со предизвикот, се боревме и победивме. Никој не ни подари ништо. Со секој противник се боревме до крај. Сите навиваа против нас, што е нормално. Најјаките секогаш се најантипатични.
Првиот збор на кој мислам по секоја победа е „утре“. Горд сум на освоените трофеи. Чувствувам дека сум човек од моето време. Тоа е тоа што ме држи во живот и во движење. Во животот имав повеќе од тоа што го посакував. Секако повеќе од тоа што го барав. Пред секоја одредена цел свесен сум дека сум го давал и сум го добивал најдоброто. Тоа е вкус на постојано чувство на благодарност во животот кое ме тера да бидам оптимист и секогаш да одам понатаму преку себе, преку победите, преку границите. Освоив шест Скудета по ред, а тоа се 10 во кариерата.
Да, 10. Не се срамам да го кажам тоа. Ги освоив сите. На терен. Покрај шампиони од кои додека пишувам гледам лица, напор и насмевки. Федерацијата, Википедија или Лигата велат дека се 8. Јас не разговарам за судии и закони. Никој не може да ми го одземе правото да ги чувствувам како мои. Мојата прва љубов беше една девојка која ја сретнав во средно. Тоа беше невозвратено чувство. Но што е важно, за мене беше љубов. Признавањето во животот не е се. Ги чувствувам мои, интимно мои, како некои песни од Васко и некои поезии од Неруда. Не ги компонирав јас. Но тоа е релативен факт бидејќи на крајот како што напишал Троизи, поезијата не е на тој што ја пишува, туку на тој што му е потребна. Немам намера да отворам поглавја од минатото. Горд сум на тоа што го создадов, победив и освоив на терен. Никогаш сам. Секогаш со тимот.
Гордост која ме носи назад во летото 2006-та. Топло и бурно лето. Лето на потврди и желби за менување на историјата. Всушност на пишување на историјата. Никој како нас. Никој пред нас. Мислам на Павел, Алекс, Давид, Камо...на мене. Избравме заедно во чест на дресот, клубот, навивачите. Загубивме нешто за да заработивме други работи кои не се купуваат со пари: респект и љубов. Основни вредности за една група и еден тим. Бидејќи без тоа „ние“ не би постоеле победи и рекорди. Не сакам да влегувам во речникот на цитирањето на фрази. Без сите оние кои работат на терен и надвор од него (па и во сенка) за да ми овозможат да го дадам најдоброто, се ова немаше да биде можно. Тоа е неверојатна работа и уште не е завршена.