Фактите зад најуспешната фудбалска земја Италија

Жозе Мурињо во една прилика изјави дека во Италија сите се прават тренери, а тоа е само еден показател за нивната посебна страст за фудбалот, тема за која се зборува во секое ќоше. На Филип Втори ќе брани човекот со најмногу настапи во историјата на својата земја.

Во Скопје допатуваа околу 60 италијански новинари, небаре вечерва на Филип Втори играат клучен меч за пласман на Светското првенство во Русија. Тука се Скај Италија, Раи Уно, радио Раи, Газета дело Спорт, Кориере дело Спорт и други познати медиуми.

Скај дури и синоќа се јавуваа во живо на тв од 15 минутната посета на италијанските фудбалери кои се појавија на стадион чисто да опипаат терен. Меѓу новинарите е познатиот водител од тв Раи Амедео Горија, како и најголемиот инсајдер за трансфери за кои пишувавме неодамна.

Ни гостува земјата која е специјалист за играње одбрана, која го измисли Катеначото и која ги произведе Франко Барези, Паоло Малдини, Алесандро Неста, Фабио Канаваро, Џорџо Кјелини, фудбалски имиња за кои не треба да се трошат зборови.

Во прес центарот на Филип Втори се појави Џиџи Буфон кој е рекорден по број на настапи во историјата на својата земја со 164 одиграни средби. Како голман е рекордер со 7 Скудета и 6 италијански Супер Купови. Вториот рекорд го дели со Дејан Станковиќ.

Легендата на италијанскиот фудбал има играно на 5 Мундијали и 4 Европски првенства, а го држи и рекордот со 974 минути без примен гол во Серија А. За вечерашниот противник на Македонија до кој не може да припари пред хотелот каде се сместени, може да зајдеме од пишување, затоа ќе завршиме со овие податоци.


38 – Рекорден број на европски титули во трите најголеми европски натпреварувања имаат екипите од Серија А.

18 – Најголем број на меѓународни трофеи имаше Милан, а потоа приматот му го зема Ал Ахли од Египет кој стигна до бројка од 20.

10 – Бројот на италијански тренери кои го освоиле Европски Куп/Лига на шампиони. Рекорд.

5 – Најголем број на освоени Златни топки имаат Италијанците, а Јувентус и Милан се рекордери со по 8 играчи.

4 – Број на освоени Светски првенства. Само Бразил се подобри од нив со еден трофеј повеќе, Италијанците два пати беа втори.

2 – Италија има загубено само два меча во нокаут фазата во регуларните 90 минути. Сите други порази им се на пенали или златен гол.

Против каква статистика ќе се бори Македонија.