Бројки за БАТЕ од кои Арсенал треба многу да се срами

БАТЕ Борисов го гледавме на Градски за 100-ка во 2012-та кога го елиминираше Вардар во квалификации за ЛШ. Имаат тим кој не вреди ни пола од неделната плата на Озил, а ги победија. Бруки брукосани. Ако не ги тепаат дома минимум 2:0 нека се убијат.

- 135.000 фунти. Толку вредат првите 11 на БАТЕ Борисов, а за споредба Месут Озил неделно заработува по 350.000 фунти.

- 152 милиони фунти. Тоа е пак вредноста на стартните 11 на Арсенал.

- 0 победи во нокаут фаза на европско натпреварување се додека не го сретнаа Арсенал.

- 63 дена откако БАТЕ го одигра последниот натпревар. Сезоната во Украина почнува следен месец.

- 2009-та. Тоа е годината кога БАТЕ последен пат победил англиска екипа. Се рабови за Евертон и тоа на гости со 0:1. Шкодран Мустафи кој играч синоќа за Арсенал настапи за Евертон тој ден.

- 16 удари на Арсенал од кои ниту еден не влезе во гол.

- 2 гостински победи на Арсенал на последните девет гостувања. Тоа се средбите против Хадерсфилд и Блекпул.

15 февруари 2019 - 10:49