„Денес можеме да славиме. Го излечивме ракот од бразилскиот фудбал. Рикардо Тешеира поднесе оставка од својата функција", изјави легендата на бразилскиот фудбал, Ромарио, кој долго време беше еден од главните противници на поранешните челници на федерацијата.
Новиот претседател е 79-годишниот Хозе Мариа Марин. Тој во јануари оваа година ја имаше честа да ги додели медалите по завршувањето на јуниорскиот куп на Сао Паоло и реши еден медал да си „додели" и себеси.