До 1914-та година фудбалот веќе земал голем замав во Европа. Во Британија веќе имало 5.000 професионални фудбалери, но кога во јули започнала војната, 2.000 од нив биле испратени на француско-белгиската граница за да ја спречат германската војска.
Германците распоредени крај Ипр од својот капетанна Бадник добиле наредба да не пукаат, освен во самоодбрана. Тоа попладне, Британците од другата страна на бојното поле ја слушнале германската божиќна песна, па и тие започнале ги пеат своите познати песни од божиќниот репертоар.
Еден германски војник излегол од својот ров со гранче од елка во рацете и ја преминал неутралната територија. Се приближил до британскиот ров и им рекол: "Merry Christmas. We not shoot, you not shoot."
Уште неколку војници од двете страни излегле од рововите и договориле неформално примирје. На божиќното утро, војниците излегле од своите ровови, започнале дружба, размениле цигари и алкохол, а потоа си помогнале едни на други при закопувањето на мртвите.
Некој од Британците на бојното поле ја понел и својата фудбалска топка. Набргу започнал и натпревар. Германците победиле со 3:2.
Веста за натпреварот бргу се раширила низ фронтот. Генералите од двете завојувани страни не ја примиле веста со големо воодушевување. Германскиот и британскиот капетан биле казнети и разрешени од своите должности и војната продолжила.
Стотици војници ги загубиле своите животи на бојното поле во Ипр, на истото место каде на 25 декември пред 99 години тие заедно пееле божиќни песни и играле фудбал.