1998 година: Стоперот на Франција го бакнува голманот во глава.
2018 година: Стоперот на Хрватска го бакнува голманот во глава.
Јунаците од првата слика се Лорен Блан и Фабијан Бартез на Светското првенство 1998-ма, а јунаците од втората се Домагој Вида и Даниел Субашиќ.
Французите таа година го покорија светот, а во полуфинале ја елиминираа Хрватска со двата гола на Лилиан Турам.
Сега Хрватска се прашува, дали после 20 години ова повторно ќе биде бакнежот за среќа и тоа токму против истата селекција која го направи тогаш, а сега ќе им биде противник во финале.