Австријците на спектакуларен и величествен начин се збогуваа со Ивица Осим

Легендарниот селектор на Југославија кој почина на 1 мај на 81 годишна возраст, беше тренер на Штурм Грац осум години (1994-2002) во кои им донесе 8 трофеи. Клубот тоа не го заборава и му организираше комеморација на стадион која траеше 81 минута, а ковчегот беше поставен на терен.

Ивица Осим е роден во Сараево на 6 мај 1941-ва и важаше за легендарно име кое ја водеше златната генерација на Југославија со Панчев, Станојковиќ, Савичевиќ, Пикси, Просинечки, Михајловиќ, Бокшиќ, Катанец, Шукер...

Беше селектор во периодот 1986 - 1992, а на Мундијалот во Италија 1990 во осминафинале ја елиминираше Шпанија, а во четвртфинале нагази на Аргентина на Марадона.

Почна како тренер на Железничар, ги водеше и Партизан и Панатинаикос, а кариерата ја заврши како селектор на Јапонија во 2007-ма.

На Штурм му донесе 2 титули, 3 Купа и 3 Супер Купа на Австрија, а колку бил почитуван во Грац сведочат овие снимки од комеморацијата на која може да се види дека го испратиле во вечноста како великан.

5 мај 2022 - 16:10