
Дванаесет клубови имаат по најмалку два светски шампиони, а 38 клубови имаат по еден. Притоа во Топ12 на оваа интересна листа дури 39 од 77 фудбалери се актуелни шампиони и со своите клубови.
Доминацијата на шпанска Ла Лига е очигледна. Дури 5 од 12 клуба со 2+ светски шампиони се од шпанска лига.
1. Атлетико Мадрид - 5 светски шампиони во клупската историја
2. Баерн Минхен - 4 светски шампиони
3. ПСЖ - 4 светски шампиони
4. Севиља - 4 светски шампиони
5. Виљареал - 4 светски шампиони
6. Бетис - 3 светски шампиони
7. Јувентус - 3 светски шампиони
8. Лион - 3 светски шампиони
9. Барселона - 3 светски шампиони
10. Манчестер Сити - 2 светски шампиони
11. Манчестер Јунајтед - 2 светски шампиони
12. Тотенхем - 2 светски шампиони
Што се однесува до првенствата:
1. Ла Лига - дала 20 светски прваци во историјата
2. Премиер лига - 10 светски прваци во историјата
3. Лига 1 - 9 светски прваци
4. Бундеслига - 9 светски прваци
5. Серија А - 8 светски прваци
6. Португалија - 3 светски прваци
7. МЛС (САД) - 2 светски прваци
8. Турција - 2 светски прваци
9. Катар - 2 светски прваци
10. Бундеслига 2 - 2 светски прваци
11. Германска 5-та лига - 1 светски првак
12. Шпанска 3-та лига - 1 светски првак
13. Полска - 1 светски првак
14. Грција - 1 светски првак
15. Мексико - 1 светски првак
16. Аргентина - 1 светски првак
*Блез Матуиди деновиве објави дека ја завршува играчката кариера, но се наоѓа на листата како фудбалер од МЛС лигата во САД. Тој во 2018-та освои Светско првенство со Франција.
*Џанлуиџи Буфон е единствен шампион од 2006-та кој игра (брани) уште ден-денес.
*Од Шпанија која блесна во 2010-та во Јужна Африка и со голот на Иниеста во длабоки продолженија стана светски шампион, ден-денес играат дури 12 фудбалери (Фернандо Љоренте уште нема клуб).
*Од генерацијата на Германија која стана светски првак во 2014-та денес фудбал уште играат 15 играчи.
*Германската аматерска 5-та лига може да се пофали дека во Кевин Гроскројц има светски првак од 2014-та. Тој е член на петтолигашот Бефингхаузен.