Проектилот како од катапулт е хит број 1 викендов во Серија А, ама кога сме кај Милан и Аталанта, не може да не се потсетиме на тоа што се случи минатата сезона во претпоследното коло. И тогаш нивното соочување заврши 2:0, и тогаш францускиот бек одлепи, ама уште повеќе. Незаборавно соло за кое зборуваше цела Италија. За глава се држеа на Сан Сиро.