Препишете му го ремек делово на Тео

Тео Ернандез е лев бек кој вреди злато и Милан треба да биде пресреќен што имаше можност да му го лапне на Реал за само 20 милиони евра. Игра напред, назад, не губи дуел и плус решава натпревари. Погледнете му го волејов против Аталанта, кој за жал е запишан како автогол на голманот. Има 22 погодоци откако е на Сан Сиро. Неверојатен играч.

27 февруари 2023 - 08:49