Таг: тео ернандез

Препишете му го ремек делово на Тео

Тео Ернандез е лев бек кој вреди злато и Милан треба да биде пресреќен што имаше можност да му го лапне на Реал за само 20 милиони евра. Игра напред, назад, не губи дуел и плус решава натпревари. Погледнете му го волејов против Аталанта, кој за жал е запишан како автогол на голманот. Има 22 погодоци откако е на Сан Сиро. Неверојатен играч.

Двајца синови од иста фамилија победија во Лига на шампиони и Лига Европа

Браќата Тео и Лукас Ернандез ќе се сретнат еден против друг на 15. август во борба за Супекупот на Европа кога ќе играат Реал Мадрид - Атлетико Мадрид.

Реал го платил 24 милиони, а не знае да жонглира

Новото засилување на Кралскиот клуб за кого се скараа комшиите од Мадрид ја зачуди светската јавност откако на промоцијата каде играчите стандардно покажуваат што знаат со топка, таа од него се одбиваше како од дрво.

Како се скараа комшиите од Мадрид

Реал го прекрши џентлменскиот договор со Атлетико Мадрид да не крадат играчи едни од други откако потпиша со левиот бек Тео Ернандез кој од друга страна не доби никаква шанса на „Калдерон“.

Реал Мадрид работи под полна пареа на младинскиот погон

Иако важи за клуб кој ги прави најскапите трансфери во светот и со голем буџет и скапи ѕвезди сака брзи успеси, сепак во Кралскиот клуб во последно време има една стратегија која се вика „Во младите е иднината“.