Аталанта го има најмладото дете од Италија во Лига на шампиони

По воведниот пораз во прво коло на ЛШ од ПСЖ (4:0), Аталанта синоќа ја прослави првата победа во Лига на шампиони сезонава и тоа после пресврт во финишот со голови на Лазар Самарџиќ од пенал во 74-та минута и на Марио Пашалиќ во 87-ма. Цел натпревар за Аталанта одигра младиот одбранбен фудбалер, бекот Онест Анахор кој летово дошол во Бергамо од Џенова во договор вреден вртоглави 20 милиони евра. Тој е лев бек до офанзивни карактеристики.

Онест Аханор играше синоќа на мечот Аталанта - Клуб Бриж со само 17 години и 219 дена и стана најмладиот фудбалер од Италија (со италијанско државјанство и пасош) кој заиграл во Лига на шампиони. Го одигра цел натпревар против Клуб Бриж.

Во првото коло претходно против ПСЖ, Онест Анахор влезе во 85' минута наместо повредениот Џимшити и тогаш стана најмлад дебитант за италијански клуб кој играл во Лига на шампиони.

Во Серија А стана најмладиот дебитант, односно првиот фудбалер роден во 2008-ма година кој заиграл натпревар. Имал само 16 години, 7 месеци и 5 дена и дебитираше на 28-ми септември против Јувентус во сезоната 2024/2025.

Минатата сезона одиграл шест натпревари за прв тим на Џенова. Блесна на гостувањето кај Наполи кога Џенова благодарение на акција изградена од него го израмни резултатот.

Во 2023/2024 бил дел од младинската У-18 екипа на Џенова која го освоила шампионското скудето. Онест Аханор е роден на 23-ти февруари 2008-ма година во италијанското место Аверса од родители мигранти од Нигерија.

Ливерпул капитулираше во Истанбул, Мурињо загуби на Стемфорд Бриџ со автогол

1 октомври 2025 - 09:24