Арсенал прими гол во 27-ма секунда од Карлос Алкараз

Во англиската Премиер лига, вечерва на „Емирати“ играат лидерот Арсенал со последнопласираниот на табела Саутемптон. Гостите водат 1-2 на полувреме, а првиот гол го дадоа по кардинална грешка на голманот на „топџиите“ Арон Рамздејл. Стрелец со интересно име и презиме: Карлос Алкараз, како шпанската тениска ѕвезда.

Интересно, гостите после 14 минути игра веќе водеа со 0:2 по голот на долгогодишниот фудбалер на Арсенал Тео Волкот.

21 април 2023 - 22:02