Аргентинците полека се спремаат за најемотивната ноќ

Иако уште пред неколку месеци беше најавено дека последниот натпревар на Аргентина на домашен терен во квалификациите за Светско првенство 2026 може да биде и последен за Лионел Меси на домашен терен, многумина го игнорираа овој факт. Ама тој ден односно ноќ очигледно дојде. Вечерва Аргентина ја пречекува Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес каде Лео најверојатно за последен пат ќе го носи најсаканиот дрес на домашно тло.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Меси би требало да игра на Мундијалот 2026 кој би требал да биде негов „последен танц“. Но на домашен стадион во Аргентина најверојатно веќе нема да игра официјален натпревар после овој вечерва.

Ако се знае дека следната година е Светско првенство, а Копа Америка дури во 2028-ма, и фактот дека официјални натпревари дома Аргентина нема да има до септември 2027 кога Меси ќе има 40 години значи дека тој вечерва би можел за последен пат да игра.

Аргентинците полека се спремаат за емотивно испраќање со најголемиот:

 

4 септември 2025 - 11:38