Аргентина има нова чудесна 10-ка

Клаудио „Диаблито“ Ечевери има 17 години. Игра за Ривер Плата. Деновиве блеска на Светското првенство У-17. Во 1/4 финале против Бразил денес постигнал хет-трик и сите голови се после прекрасни акции на гаучосите. Младите Аргентинци влегоа во полуфинале на Мундијалот за играчи до 17 години и ја продолжија победничката серија против кариоките која ја започнаа сениорите среде Маракана.

1-0:

2-0:

3-0:

Во полуфинале Аргентина У-17 ќе игра против Германија У-17. Другите четвртфинални парови кои се играат утре ги сочинуваат Франција У-17 - Узбекистан У-17 и Мали У-17 - Мароко У-17.

24 ноември 2023 - 15:55