Антони - детето од фавелата кое има необична приказна
Антони, главната ѕвезда на Бетис сезонава кој блеска во шпанскиот клуб, раснел во фавелата Осаско, една од најопасните во Бразил. „Пораснав во пеколна фавела и видов многу работи како дроги, грабежи, лешеви на земја. Уште бев дете и тоа имаше големо влијание на мене. Изгубив многу другари во текот на животот кои на крајот немаа исти можности како мене“, вели Антони во едно видео снимено од неговиот спонзор ПУМА.
Антони сезонава блеска во дресот на Бетис откако не се снајде баш најдобро во англискиот фудбал и во Манчестер Јунајтед кој игра мизерна сезона. Во Шпанија Бразилецот се препороди и ќе игра во финалето на Лига на конференции против Челси.