Анри со прекрасни зборови и почит за газдата на ПСЖ

Тиери Анри од студио синоќа му упати искрени и пофални зборови на Катарецот Насер Ал-Хелаифи кој од 2011-та со голем успех и астрономски вложувања го води ПСЖ.

Пари Сен Жермен долги години беше симпатичен клуб од француската престолнина со повремени скромни излети во Европа. Во Франција беа просечен клуб и ретко се бореа за титулата.

Но од 2011-та година кога катарскиот фонд Катар Спортс Инвестмент го зема клубот работите се сменија драстично. ПСЖ до 2011-та немаше титула уште од сезоната 1993/1994 и немаа ниту еден голем европски успех освен финале на Интертото Куп кој го освоија во 2001/2002.

ПСЖ сезонава ја освои осмата шампионска титула во Лига1 во последните 10 сезони. Освоија и Куп на Франција а на 31-ви мај ќе играат во големото финале на Лига на шампиони против Интер. Тогаш ќе може да комплетираат историска тројна круна што би била огромна награда за се што прави првиот човек на клубот, Насер Ал-Хелаифи.

 Франција нема победник во Лига на шампиони уште од 1993-та кога Олимпик Марсеј го освои пехарот и сега се надеваат на прекин на таа долга серија без трофеј во ЛШ.

Тиери Анри од студиото на СиБиЕс Спортс го испофали, со право Насел Ал-Хелаифи.

„Со оглед на тоа што сум Французин, го знам притисокот под кој бевте кога дојдовте и добро знаете дека овој град (Париз) не е баш пријатен кога работите не одат добро и морам да кажам дека секогаш се понесовте многу добро, послушавте што недостасува. Зборуваме и тогаш за тоа, и тимот на времето требаше да се подмлади.

Кога отидовте да го земете Луис Енрике јас ви реков: „Го добивте правиот тренер, тој не си игра наоколу, ќе видите. Но сакам и да ви се заблагодарам што го сменивте начинот на кој луѓето го гледаат Пари Сен Жермен.

Кога јас раснев, не беше така (со ПСЖ), но вие сменивте сè, заедницата, луѓето сега можат да одат и да гледаат натпревари, нешто што не беше баш секогаш случај, така што се надевам дека следен чекор ќе биде да се донесе друга голема ѕвезда. Знам дека мојот тим го елиминиравте (Арсенал) но сакам ПСЖ да освои зошто ќе биде тоа круна за се што направивите и начинот на кој направивте и го вративте ПСЖ назад на мапа“, рече искрено Тиери Анри во пофалбата до Наер Ал-Хелаифи.

8 мај 2025 - 09:47