Анегдотата на Жолтата подморница и тренерот Марселино Торал

Тајкунот со санитарна керамика, Фернандо Роиг го купи Виљареал во 1997 година кога екипата играше во втората лига пред 3.000 навивачи. Циниците тогаш зборувале дека најмногу што може да направи Роиг е да ги смени плочките во клупските тоалети.

Роиг знаел што прави и го промовирал клубот најпрвин во шпанската прва лига. Потоа за тренер го назначи Мануел Пелегрини, кој до тогаш освои две титули во Аргентина. Виљареал во 2002. година влезе во Лигата на шампионите, во 2005. играше полуфинале и во 2008. заврши како вицепрвак.
Првото место во Ла Лига е големо достигнување, дури и за клуб кој играше полуфинале на Лигата на шампионите и потекнува од град од кој ако секој жител влезе на Камп Ноу, би останале уште 50.000 слободни места.
 
Марселино Гарсија Торал го опиша успешниот старт на Виљареал како анегдота, несвесен притоа дека тимот направил историски исчекор за 30 месеци. Виљареал зад себе има четврт век играње во tercera, шпанската трета лига, 16 сезони во Примера и 12 во Европа. Во својот состав ја имаа Златната копачка на Европа, тројца Европски прваци и еден Светски шампион. Беа на Сан Сиро и Олд Трафорд, но никогаш не биле овде: Виљареал е прв во шпанската лига за првпат во историјата.

Виљареал седум пати имал шанса да стане лидер во првенството, но никогаш не успеал на крајот од колото. Во саботата, откако Реал Мадрид не победи против Малага и Селта играше нерешено 1-1 против Еибар, Виљареал имаше отворена можност да застане на чело на Ла Лига.
 
Противник им беше Атлетико Мадрид, екипа која во 2012. година ги елиминираше од ЛШ и летово им го зема најдобриот стрелец од минатата сезона, Лусиано Вието. Виљареал успеа, славеше 1-0 против Атлетико и после 576 натпревари во Ла Лига и 92-годишна историја за првпат е прв во првенството.
„Не чувствувам ништо посебно, чувството на радост е минливо, ништо повеќе“, скромно изјави Марселино Гарсија Торал, строгиот тренер на Виљареал.

Клубот од Ел Мадригал на тој начин стана 40-та екипа која барем една недела била прва на табелата, иако само 9 од нив на крајот го освоиле првенството: Барселона, Атлетик Билбао, Мадрид, Атлетико, Бетис, Валенсија, Севиља, Реал Сосиедад и Депортиво Ла Коруња. Од екипите моментно во Ла Лига, само Малага никогаш не била лидер.
 
Достигнувањето на Виљареал и не е толку големо ако се гледаат петте победи во првите 6 кола: Играа против Бетис (10-ти), Еспањол (9), Гранада (20), Атлетик Билбао (17) и Малага (18).
 
Сепак, ако се погледне подробно, Виљареал не е случајно прв. Марселино ја презема екипата на полу-сезоната 2012/2013 кога клубот играше во втората лига и работите не изгледаа добро. Ги внесе во Примера и завршија како шестопласирани. На истата позиција Виљареал заврши и лани.

Во Виљареал играше и Роберт Пирес

Годинешниов старт уште повеќе изненадува, особено што Виљареал летово го напуштија 10 играчи а дојдоа нови 11 фудбалери. Ја загубија целата навала од лани: Вието замина во Атлетико, Жерар Морено Балагуеро' во Еспањол а Икечукву Уче во мексиканскиот Тигрес. Заминаа и Жоел Кемпел, како и Џовани Дос Сантос.
 
Нападот во моментов им го предводат Адријан, Лео Баптисао, Седрик Бакамбу и препородениот Роберто Солдадо. Токму Солдадо е доказ за здравиот амбиент во Виљареал, затоа што после шест кола има два гола и три асистенции. Бакамбу е прв стрелец со три гола.
 
Испаѓањето во втора лига пред две сезони можеби добри влијаеше на клубот, затоа што ги подмирија долговите и имаа време целосно да се реорганизираат. Виљареал има буџет од 61,5 милиони евра и е шести буџет по големина во Примера. Пред нив се Севиља со 105,1 милион евра, Валенсија 122,8 милиони евра, Атлетико Мадрид со 156,9 милиони евра, Барселона со 421,7 милиони евра и Реал Мадрид со 431,3 милиони евра. 
Кој е Марселино Торал Гарсија?

Поради повреда на лигаментите, Марселино Торал ја прекинал фудбалската кариера на 27 години. Одиграл 75 натпревари за Спортинг Хихон, а потоа тренерското име го градел во Рекреативо Уелва, екипа која што ја промовираше во Ла Лига каде завршија и како осмопласирани. Марселино потоа го одведе Расинг Сантандер во Купот на Уефа за првпат во историјата на клубот, но замина пред почетокот на сезоната, затоа што клубот банкротираше.

The Beatles - Yellow Submarine

30 септември 2015 - 13:44