Анчелоти му одржа лекција на младиот Бразилец

Уште неиспилениот Родриго мисли дека е мега ѕвезда, па откако Анчелоти го замени на полувремето од Куп дуелот во Виљареал, Бразилецот не се поздрави со Италијанецот. Дон Карлето дојде до него и му одржа лекција. Со две замени на полувремето, кога влегоа Асенсио и Себаљос, Реал направи целосен пресврт, славеше со 2:3 и заслужено оди во четвртфинале на Копа дел Реј.

Реал губеше 2-0 на полувреме на стадионот на Виљареал каде пред неколку недели загуби 2-1 во Ла Лига. Сега во шпанскиот Куп домаќините водеа со головите на Капуе во 4-та минута и Чуквуезе во 42-ра. Реал направи пресврт преку Винисиус Жуниор во 57-ма минута, Едер Милитао во 69-та и Дани Себалос во 86-та.

20 јануари 2023 - 09:10