Практично во сите групи беа отворени третите позиции за место во Лига Европа и секаде имаше драма до крајот.
Во А групата Галатасарај таму отиде со пораз од Копенхаген и затоа што пацерите од Олд Трафорд загубија од Баерн.
Во Б групата Ленс обезбеди ЛЕ со гол во 96-та минута, а две минути претходно тоа можеше да биде Севиља, ако Рамос не ја префрлеше топката преку стадион.
Во Ц групата Брага заврши трета после поразот од Наполи, поради Себалос кој постигна гол за триумф на Реал над Унион Берлин од 2:3 и тоа во 89-та минута. Германците на полувреме водеа 1:0, резултат кој ги носеше во ЛЕ.
Можеби највозбудливо беше во групата Д каде Бенфика на полувреме имаше 0:2 над Салцбург и пласман на трета позиција. Австријците само за момент им ја земаа со погодок во 57-та минута.
Голот вреден Лига Европа за Португалците падна во 92-та минута за конечни 1:3. Го постигна Бразилецот Артур Кабрал кој го купија од Фиорентина и тоа на мајсторски начин.
Салцбург и Бенфика на крај завршија 3:3 во меѓусебните дуели, со идентични гол разлика од -4 и на крај одлучи поголемиот број на постигнати голови на Португалците.