А сте виделе ли гол од аут?

Во меч од 10. коло на финската лига, второпласираниот на табела СЈК со 2-1 го победил последнопласираниот ВПС. Момент на мечот бил буквално на стартот, во 2-ра минута кога домашниот фудбалер Јегбе дал гол од аут. Според правилата погодокот не би бил признат ако голманот Тепо Мартинен не играл со топката.

9 јуни 2023 - 13:08