Хесус Навас, Фабијан Руиз и Гави се нови европски шампиони откако во големото финале на Европско првенство 2024 ја совладаа Англија 2:1.
Заедничко за сите тројца е што сите доаѓаат од ист град. А градот им укажува голема чест после секоја освоена титула (така беше и по пехарот освоен во Лига Нации 2023).
Традицијата налага на секој фудбалер да му се подарат домати колку што е тежок, па Хесус Навас (37) добил 65 килограми, а Фабијан Руиз (27) 83 килограми.
Ветеранот Навас кој во кариерата освои Светско првенство 2014, Европско првенство 2012 и 2024 веќе и порано пред 12 години минал низ оваа убава церемонија.
Прочитајте уште и:
Јунакот на Шпанија пречекан во свое маало на незгодно место
Потпретседателката на Аргентина: „Нема колонијалисти да ни кажуваат што да пееме, Нико со тебе сум“
30 години од најпознатиот пенал во историјата
Ојарзабал - човекот од сенка кој и донесе европска титула на Шпанија