Микел е роден во Еибар, најскромниот и најсимпатичен мал фудбалски град во Шпанија. Тој почнал со фудбал во школата на истоимениот клуб. Тренирал и играл за Еибар се додека во 2011-та не го забележале од Сосиедад. Набрзо договориле негов премин во поголемиот клуб, ги откупиле неговите права и договор но го оставиле во Еибар до 2014-та на позајмица.
Како што се гледа на една фотографија од тоа време, Ојарзабал речиси и воопшто да не е сменет. Кога имал 16 години:
Тој завршил студии на универзитетот Деусто. Уште како играч на Реал Сосиедад стекнал дипломска од областа на деловна администрација и менаџмент. Во младоста тој делел стан со тројца студенти, а со првата професионална плата од фудбалот излегол на вечера со девојката Аиноа Лараури.
Интересно и мошне необично за фудбалер, тој бил голем вљубеник во книгите. После утрински тренинзи преку ден читал книги. „Сфаќам дека во животот мораш да имаш резервна варијанта нешто освен фудбалот. Никогаш не знаеш што бидува“, рекол Ојарзабал во 2018-та.
Микел за првпат заигра за Реал Сосиедад кога дебитираше во 2015-та а првиот гол го дал против Еспањол. Еден од најславните моменти на старт на кариерата како центарфор во Сосиедад му е победнички гол против страшната Барселона во април 2016-та година.
Следното утро шпанска Marca излезе со наслов „Баскиецот кој го засени Нејмар“.
Кога се појавиле првите вести за интерес од Барса за него, Ојарзабал сам излегол пред медиумите и демантирал: „Јас мечтаам да играм само за Сосиедад и да станам негов капитен. Тоа е мојот сон. Не знам што е со вас но вие очекувате нешто невозможно“, им рекол на новинарите за гласините за трансфер во Барселона.
Најдобар другар на теренот и надвор од него му е Унаи Симон од ривалскиот Атлетик Билбао. И покрај тоа тие двајца многу се дружат кога се во репрезентацијата на Шпанија и надвор од неа. Редовно играле и шах меѓу себе.
Ојарзабал е најмладиот капитен во историјата на Реал Сосиедад. Првпат ја добил лентата во 2018-та против Рекреативо Уеска. После месец дена како што локалната голема легенда на Сосиедад Хаби Прието замина во пензија, тој самиот рекол дека го назначува Микел Ојарзабал за негов заменик.
Иако центарфор по вокација, Ојарзабал во 2019-та година блескаше како лево крило што му беше нова позиција во екипата. Тогаш го импресионирал дури и Пеп Гвардиола кој го барал во Манчестер Сити но Микел не бил спремен за таков чекор и останал во својот Сосиеад а Феран Сити отиде во Сити.
Еднаш лекарите му рекле на Ојарзабал дека секоја наредна повреда би можела да му значи и крај на кариерата. Во 2022-ра се случило нешто страшно: Микел ги скинал лигаментите на тренинг, пропуштил цела сезона и се вратил со тешки последици.
Во тој период поминал низ депресија, низ тешки моменти и дури и размислувал да заврши со фудбалот. Повредата на лигаментите толку силно го погодила психолошки што тој се плашел да потрча по топка. „Ќе се опоравувам две години а после ќе видиме“, рекол капитенот на Реал Сосиедад.
Но во 2023-та година се опоравил и почнал да игра фудбал пак во висок ритам. Имал мали ситни повреди но почнал повторно да се вљубува во играта. Реал Сосиедад секогаш се потпирал на хиперактивен пресинг а Микел не можел физички да повлече многу. Тогаш размислувал и за трансфер во друга екипа но клубот глатко го одбил и му ангажирал личен психолог.
Спасител на Ојарзабал бил тренерот на Реал Сосиедад Иманол Алгуасил кој направи чуда со екипата. Прво Микел не бил ниту во првиот состав но тренерот му ја сменил позицијата и го спасил. Ојарзабал од лево бил поместен на центар кон средина на теренот, ослободен од обврски во одбраната и тоа многу му годело.
Целосно можел да се посвети на организација на нападите на Сосиедад. „Тој ни држи на сите нам лекции. Сите се горди со тоа што Ојарзабал го претставува Сан Себастијан на целиот свет“, восхитен бил спортскиот директор на Сосиеад Роберто Олабе.
А дури сега колку се горди на него после победничкиот гол во финале на Европско првенство. Сон на секој фудбалер. Микел Ојарзабал со златни букви ја испиша новата историја на шпанскиот фудбал и со гол и донесе на Шпанија рекордна, четврта титула европски шампион.
⚽️ ¡El gol que decide la Eurocopa lleva firma Txuri Urdin!
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) July 14, 2024
©️ @mikel10oyar 💙
🎥 @teledeporte #EURO2024 pic.twitter.com/v7UrYPC1Wz