Француската фудбалска федерација отворила истрага и поднела пријава до ФИФА за однесувањето на аргентинските фудбалери. Случајот го пријавил и Челси каде Енцо Фернандез има неколку француски соиграчи со африканско потекло кои играат за Франција.
Деновиве дури 10 фудбалери на Челси од кои 9 се од Франција но со африканско потекло, а еден е Албанецот Броја, го отследиле нивниот соиграч Енцо Фернандез од друштвените мрежи.
Еден министер за спорт во аргентинската влада дури и побарал и капитенот Меси јавно да се извини во името на целата шампионска генерација за срамната песна, па добил отказ од првиот човек на државата Хавиер Милеи кој го разрешил
Но од друга страна, потпретседателката на Аргентина Викторија Виљаруел на својот профил на Х изнела жестоки обвиненија на сметка на француската држава после песната со расистичка содржина.
„Аргентина е суверена и слободна земја. Никогаш сме немале колонии ниту граѓани од втор ред. Никогаш не сме наметнувале некому свој начин на живот. Но нема ни да толерираме тоа да ни го прават.
Аргентина е крената со пот и храброст на Индијанци, Европејци, Креоли (лица со исклучиво шпанско потекло родени во шпански колонии) и црнци како што се Ремедиос дел Вале, наредник Кабрал и Бернардо де Монтеагудо. Ниту една колонијалистичка држава нема да не заплаши поради спорна песна или што кажуваме вистина што не сакаат да ја признаат.
Престанете да глумите огорченост, лицемери. Енцо со тебе сум, Меси фала ти за се! Аргентинците секогаш со високо крената глава! Да живее Аргентина!
На 25-ти јули аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ќе има билатерална средба со Емануел Макрон, францускиот претседател во пресрет на Летните Олимписки Игри во Париз, а не е познато дали во делегацијата ќе биде и Викторија Виљаруел.
Argentina es un país soberano y libre. Nunca tuvimos colonias ni ciudadanos de segunda. Nunca le impusimos a nadie nuestra forma de vida. Pero tampoco vamos a tolerar que lo hagan con nosotros. Argentina se hizo con el sudor y el coraje de los indios, los europeos, los criollos y… pic.twitter.com/Wkevi8TrVO
— Victoria Villarruel (@VickyVillarruel) July 17, 2024