А да видите Миле со која песна излезе на промоција во Рома
На големата средба со навивачите, пред преполн стадион „Олимпико“, фудбалерите на Рома се претставуваа еден по еден. Пред пријателскиот меч со Шахтјор кој го добија со 5:0, излегуваа сите а навивачите ги поздравуваа. Секој со своја песна. Матиќ се решил за евровизиската „In Corpore Sano“ од Констракта, а голманот Миле Свилар кој дојде од Бенфика, за песна од Дара Бубамара.