1. Христо Стоичков е роден во Пловдив. Пред крајот на енормно богатата карира, тој изјави дека најмногу му е криво што не заиграл за Ботев Пловдив. Тој еднаш бил на двонеделна проба меѓу „жолтите канаринци“ во 1984, но таму „процениле“ дека не е доволно добар за академијата на Ботев, па тој продолжил во ЦСКА Софија.
2. За време на неговата прва сезона во професионален фудбал, Ицо учествувал во голема, општа тепачка на 40 лица која што го сменила изгледот на бугарскиот фудбал. Во 1985-та во финалето на бугарскиот Куп меѓу вечните ривали Левски и ЦСКА Софија имало спорни судиски одлуки и груба игра. Костадин Јанчев од ЦСКА во еден момент тешко го фаулирал Емил Спасов од Левски па избила голема тепачка. Стоичков бил меѓу главните во гужвата, па добил доживотна суспензија што подоцна му ја преиначиле во 1 годишна суспензија.
3. Стоичков по враќањето на терен во 1989/1990 ја освои Златната Копачка за најдобар стрелец во цела Европа. Тој со 38 гола ја водел ЦСКА Софија до двојна круна во Бугарија и до полуфинале на Куп на Куп победници. ЦСКА таму изгуби од Барселона која била толку импресионирана од Стоичков што истата година потпишаа договор со него.
4. Во 1990-та Христо Стоичков отиде во Барселона за 4,5 милиони долари и стана дел од дрим тимот на Јохан Кројф. За време на 7-годишниот престој „Ел Пистолеро“, како што Шпанците го викаа Бугаринот освои дури 13 трофеи меѓу кои најдрагоцени се 5 шампионски титули во Ла Лига, 1 Европски Куп на шампиони и 1 Куп на Куп победници.
5. За време на неговиот престој во Шпанија Стоичков стана познат по пргавиот темперамент и краток фитиљ. Во првата година во Барса тој доби 2-месечна суспензија откако нагазил судија. Се памти и неговата изјава дека шпанскиот фудбалски сојуз им дава курс по бугарски на судиите за да препознаат кога тој ги навредува и пцуе па да му даваат картони. Христо му бил главен компањон на лудиот Бразилец Ромарио во ноќните излети во Барселона каде пиеле многу алкохол.
6. Неговите неверојатни партии на Светското првенство 1994 во САД ји го донесоа на Бугарија историското 4. место на Мундијалот. Тој стана и првиот Бугарин кој освоил Златна Топка за најдобар играч на светот.
7. За време на 1995-а година Барселона го назначи за тренер Холанѓанецот Луј Ван Гал кој набрзо влезе во жесток конфликт со Стоичков. Христо ден-денес не пропушта прилика да го окриви Ван Гал за уривање на наследството на Кројф во Барсал. Откако холандскиот тренер, денес селектор на Холандија беше отпуштен од Манчестер, Ицо изјаил: „Немам никаква почит за него, тој е ѓубре. Еден ден кога бев повреден и кога бев со жена ми на Камп Ноу, тој дојде до неа и ја праша „како можела да се омажи за некој како мене“?
8. Стоичков во кариерата играше за 9 тима на 3 различни континенти. Еднаш потпишал и договор вреден 100.000 долари само за да одигра 2 меча со Ал Насер на кого му помогнал да го освои Азискиот Куп на Куп победници. По краток престој во Јапан и во САД, тој се повлече од фудбалот и стана тренер.
9. За време на неговата тренерска кариера, Стоичков беше селектор на репрезентацијата на Бугарија. Во првите 2 години од неговиот мандат, 8 играчи ја напуштиле репрезентацијата поради конфликт со него, тој 3 пати сменил капитен. Легендарниот фудбалер на Селтик и Астон Вила Стилијан Петров јавно рекол дека на мечот атмосферата во репрезентацијата била толку глупава што против Шведска во квалификациите намерно го навредувал судијата и добил црвен картон после само 10 минути игра.
10. Во 2011-та Стоичков посвоил едно дете од Перу преку програмата на Барселона и во последните 21 година го помага финансиски. Во 2011-та Универзитетот во Пловдив му дал диплома поради што избил голем скандал и професорот бил отпуштен. Во 2011-та додека беше тренер на Литекс Ловеч на тренинзи доаѓал со приватен хеликоптер а низ Софија често возел со ротациско светло на своето возило.
Во 2016-та година за неговиот 50. роденден, Стоичков организирал голема прослава на Националниот стадион Васил Левски во Софија. Направил концерт со многу естрадни ѕвезди и со многу огномет. Ревијалниот фудбалски натпревар кој се одиграл дента имал две паузи: една во 14. минута во чест на сеќавање на Јохан Кројф и друга во 3. минута во чест на сеќавање на Трифон Иванов. Целиот профит од мечот и концертот отишол во хуманитарни цели.
Фудбалскиот пат на Христо Стоичков - од меаните во Добрич до светскиот врв