Во пресрет на СП, властите во Бразил направија неколку измени на законот за спортски манифестации, при што секое влегување во теренот пред, за време и по одигрувањето на натпреварите се казнува со 6 месеци затвор. Тоа не спречи неколку камикази да стигнат до своите 5 минути слава.
По реакција на амбасадите од земјите учеснички на Мундијалот, сите навивачи што влегоа на терен за време на натпревар или тренинг за време на Светското по притворањето, биле ослободени.