Неговата пасија за Атлетико е очигледна, но Симеоне увери дека имал уште љубов и за Бока и за Интер: „Се гледам себеси како тренер на Интер во иднина", изјави Чоло неодамна и им даде голема надеж на Интеристите дека може да тргнат во друга насока наскоро.
4 пати по ред го „тепа" Реал на Бернабеу
Атлети немаше победа на Сантијаго Бернабеу цели 13 години. Симеоне ги поведе во битка против градскиот ривал од која излегоа победници на мечот против Мурињо. Од тогаш до денес победија четири пати по ред на Сантијаго Бернабеу.
Играчите му се верни до крај
Секој голем тренер има поддршка од соблекувалната, но Симеоне ова го крена на уште повисоко ниво. Тој вади максимум од нив, а тие му одговараат со тоа што би дале се за него.
Головите ги славеше со син му
Кога Атлетико Мадрид поведе 2:0 против Реал Мадрид во Копа Дел Реј, Диего Симеоне го прослави голот со едно од децата кое собираше топки крај теренот. На крајот се испостави дека тоа бил син му, а Чоло се докажа како голем татко.
Нема влакна на јазик
Откако го победи Челси, изјави: „Сакам да им се заблагодарам на мајките на овие играчи, затоа што родиле деца со големи јајца".
Единствен кој може да ја сопре Барса
Реално е досадно кога победува само еден тим цело време. Диего Симеоне ја победуваше Барселона во 2014-та и во 2016-та во Европа и тој застана меѓу хет-трикот и Каталонците.
Неговите екипи се мастери на мрачната уметност
Сите сакаме убав фудбал за око, но потајно немаме ништо против воинствен, борбен фудбал. Играчите на Атлетико Мадрид се господари на расипничките фаули, валканата игра и трошењето време.
Го скрши дуалитетот во Ла Лига
Барса е најдобра екипа на светот, Реал Мадрид најскап тим, но нивниот дуализам во Ла Лига некако ја спласна неизвесноста. Поради тоа успехот на Симеоне против овие два гиганти ја прави уште поголема неговата работа на Висенте Калдерон.
Работата со млади фудбалери
За разлика од другите тренери кои играат на картата на интензивен дефанзивен фудбал со искусни играчи, Симеоне има голема доверба во можностите на неговите млади играчи. Коке и Саул се срцето на овој тим.
Го препороди Фернандо Торес
Ел Нињо беше „скршен" неколку сезони во Челси и Милан. Во пар ситуации изгледаше како предмет на потсмев поради сериозните промашувања. Кога се врати во својот дом, таму од каде што тргна, Симеоне го препороди. Во вториот настап сезонава даде два гола на Сантијаго Бернабеу и го исфрли Реал од Копа Дел Реј.
Неговиот тим игра како што играше тој
„Екипата на Диего Симеоне игра потполно исто на теренот онака како што играше тој кога беше играч." изјави Пол Сколс и комплетно ја долови сликата на Диего Симеоне како тренер и играч.