10 причини зошто Реал Мадрид се тетерави

Кога по пет одиграни кола триото Бензема-Бејл-Роналдо на конто има вкупно 3 гола пред своја публика, тогаш навистина нешто не фунционира во тимот. Од тренерот до лидерот, сите треба да поработат на подобрување на играта, бидејќи Реал Мадрид во моментов не личи на Европски шампион.

1. НЕСИГУРНОСТ КАЈ НАПАЃАЧИТЕ
Успехот на Кралевите низ историјата често се карактизирал со клиничката поставеност на напаѓачите. Озогласеното три BBC имаше голема улога во неодамешните нивни успеси. До сега на Бернабеу заедно имаат постигнато сиромашни 3 гола. Со Валенсија од пораз ги спаси Асенсио кој постигна два гола, а со Леванте Лукас Васкез.
 
2. НЕОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ НА САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ
Силата на Реал Мадрид во минатото се засноваше на нивната опасна голгетерска форма на свој терен. Оваа сезона имаат сериозна епидемија на срамни стравови пред своите навивачи. Додека нерешеното против Валенесија треба да дојде само како мало изненадување, ремито против неодамна промовираниот Леванте и поразот од Реал Бетис ги оставија на само два освоени бода од можни 9.
 
3. СУДИСКИ ОДЛУКИ
На слабата форма, во прилог не им одат и некои сомнителни судиски одлуки кои не се во нивна корист. Флорентино Перез ја искритикува Ла Лига за суспензијата на Роналдо од пет меча, а во средата против Реал Бетис за судењето се побуни и Рамос.
 
4. ПОВРЕДЕНИ ИГРАЧИ
Мака плус за Зинедин Зидан е што го нема на располагање цел тим. Повредени се Карим Бензема, Матео Ковачиќ, Тео Хернандез, а сега најново и Марсело.
 
5. СЕ ЧЕКА НА НОВИТЕ
Навивачите се во исчекување да видат нешто добро и корисно од новите засилувања Дани Себалос, Маркос Љоренте и Хезус Валехо, кои треба да добијат и повеќе можности. Во меѓувреме такво нешто се очекува и од Тео и Борха Мајорал и покрај тоа што во еден дел од сезоната беа солидни.
 
6. СЛАБА ПЕНЕТРАЦИЈА НА БЕКОВИТЕ
Дани Карвахал и Марсело се сметаат за едни од најдобрите бекови во светот, но и кога се во добра форма и двајцата покажаа дека тешко се справуваат и со нападот и со одбраната.
 
7. ГО НЕМА НАЈДОБРИОТ
Кога го нема лидерот, работите одат многу потешко. Кристијано Роналдо ги пропушти средбите со Валенсија и Леванте и се врати со Реал Бетис. Се неговиот кам-бек се очекува да се врати и оној стар опасен напад на Реал.
 
8. ИЗМЕНИТЕ НА ЗИДАН
Фер е да се каже дека некои измени на Зидан, скапо го чинеа тимот. На место против Бетис да ги замени играчите со слични како нив, тој реши да ја отповарува страната со напаѓачи. Сепак со своите клучни играчи од среден ред, Мадрид не успеа да го изложи во опасност противникот.
 
9. НЕСИГУРНА ОДБРАНА
Кој не би посакал да го има во својот тим централното дефанзивно дуо Рамос - Варане? Со нив Реал стигна до две титули во ЛШ по ред, ама во првите пет кола имаат примено пет гола.
 
10. БЕЗЖИЧЕН СРЕДЕН РЕД
Лука Модриќ, Тони Крос и Иско се познати како одлични визионери во среден ред кои не грешат пасови. Но нивната немоќ да доминираат во последниве недели е загрижувачки знак за Зидан.
22 септември 2017 - 17:31