Off Topic

Навремен совет за влегување во брак

Прашање до возрасен човек кој ја изгубил саканата жена, каков совет би им дал на оние што мислат или планираат да се женат. „Ако ѝ го сакаш само телото а не и душата, немој да ја жениш. Затоа што тоа тело нема да трае“. Сакаме да го слушнете него и да го видите оној што го постави прашањето.  

Трамп, наведни глава, срамота е

Во јапонското порно, половите органи стандардно се цензурираат, односно пикселизираат. Покажување гениталии таму е забрането уште од 1880 година (Член 175 од Јапонскиот кривичен законик), особено ерекција и пенетрација. Во тоа цензурирање, во последно време, сè почесто се користи вештачка интелигенција која автоматски препознава голи гениталии и ги покрива. За Јапонци, следи содржина +18 

Ентони Хопкинс менува кариера

На 88 години, после шест децении минати како актер, Оскаровец и велшка културна икона, сер Ентони Хопкинс отвора ново поглавје во својата креативна кариера. Потпиша договор за албум со класична музика. Тоа е неговата прва љубов, уште кога на 4 години му купиле пијано. На 10 веќе го свирел Бетовен, на тинејџерски години почнал да компонира. 

Патeките кои ги избира животот

Ги знаете оние мали, природно разгазени кратенки вон пешачките патеки (обично по хипотенузата на некој агол). Во некои земји, кога се урбанизира некој простор, пешачките патеки не се прават однапред, туку се остава животот и луѓето сами да ги изберат оптималните патеки кои потоа само се потврдуваат со асфалт, павер, песок. Бродвеј улицата е така настаната.

Балканот како магацин за резервни делови

Блогерот Круле (Јадранко Ходак) за вечната тема која станува сè повидлива во посиромашките делови на Балканот. Дали живееме лошо затоа што толку сме заработиле и заслужиле или затоа што некои побогати и посреќни држави нè чуваат како резервати за квалификувана работна сила, од лекари и забари до плочкари и водоводџии. 

Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Има едно правило до кое се држиме дека за покојникот или се кажува „сè најдобро“ или се молчи. Бидејќи за ненадејно починатиот американски сенатор Линдзи Грем немаме да кажеме ништо добро а не па најдобро, само ќе потсетиме што пишувавме за него додека беше жив и ќе го оставиме со свои зборови сам да ви се огади. 

Марина Абрамовиќ треби ориз

Дел од нејзин постар, 512 часа долг перформанс „Како да бидеш присутен“. Бидејќи не е тоа обична домаќинка, Марина ве повикува оризот прво да го измешате со леќа а потоа да требите и да броите. Колку? Колку што сте издвоиле, толку. Така ќе ги почувствувате емотивните состојби низ кои ќе минувате дур се убивате од требење и броење. Блазе си ѝ бе! Како нас не ни текнаа вакви шашми?

Криминалот ќе биде ретвитање

За да нема никакви двоумења, британските власти отворено порачуваат дека имаат дедицирани полицајци чија задача е да следат што твитате и ретвитате, и дека по ново дури и да ретвитнете нешто што не е по нивен мерак, ќе има последици по вас.

На Израел не можеш да му се скриеш

Хезболах цели 18 години се спремаше за војна (по Втората либанска војна во 2006) а Израел деновиве за пар дена им ја ликвидира целата командна структура и најмалку 50% од големата огнена сила. Видео од израелска амбасада објаснува како се прави тоа: целиот регион е 3Д мапиран до сантиметар, со људство и ВИ е скенирана и тагирана секоја сомнителна куќичка, дрво, нов камион...

Секс журките на њујоршкиот „ковид цар“

Доктор Џеј К. Варма беше прв човек на Њујорк за ковид мерки во првата година од пандемијата. Се памети по својата строгост, бескомпромисност во однос на карантините и заклучувањата, непопустливост за „социјалната дистанца“. Само што му извадија компилација што ТОЈ има правено додека другите беа заклучени: секс журки со многу дрога во хотели, денс забави под банка на Вол Стрит... Големи овци испаднавме.

Попрво во Јужна Африка ќе падне снег, него кај нас

Во последниот баг во матриксот делови од Јужна Африка се под сериозен снег, кој, што сакаш збори за нив, ама оправдано ги фати неподготвени. И власти и народ и лавови и жирафи.

Германците едвај го дочекаа Октоберфест 2024

Германец знае за култура, воспитување, процедура и општо ред се до првиот час од првиот ден на Октоберфест, и тогаш настапува општ хаос и анархија во име на фатена клупа под шатор. Одговорот на тоа што најмногу ве интересира е 15 евра за кригла од 1 литар. Во 2014, истото количество пиво чини 5,5 евра.

Бајден пак глична

Бидејќи вниманието е фокусирано на дуелот Трамп-Камала, подзаборавивме дека Џо Бајден и натаму е претседател на големата, моќна, нуклеарна супер-сила Америка. А тој е во форма која ја памтите. Гостин му беше премиерот на големата, моќна, нуклеарна супер-сила Индија. Само што Бајден малку заборави кој му е гостин. После него, и Мики Маус може да им е претседател.

Боб Дилан, за пијано и клуч 16-ка

Беше тоа голем, огромен скандал проследен со масовно разочарување од неговите фанови кога Боб Дилан во далечната 1965 година, на фестивалот Њупорт реши акустичната гитара да ја замени со електрична. Ако тогаш прејде на акустика на електрика, денес, на 83 години преоѓа од електрика на механика (?). Оти па му е гајле на Големиот Везир дали некој повторно ќе биде разочаран од него.

Кој го тоа измисли сапунот?

Едноставно е тоа прашање, како се вика човекот кој го измилил сапунот. Тоа е прашање кое или го знаеш или не го знаеш. Ние не го знаеме. Ама, ете, човекот е сигурен дека го знае. Сигурно е и дека ќе ве изненади.

Светов начисто се избугари

Мадите денес вакви, младите денес такви... Не дека е тоа нов муабет, уште Сократ има мрчено дека тогашните млади не знаат да поштуат постари, не се поздравуваат итн. Елајте сега да видите едно видео дека тој стереотип за старите (оние со вистинските вредности) и младите (излудени со тоа мобилните) знае да биде маде голо.

Ако добро жонглирате, пред никого ли не ви се жонглира?

Генијалниот Луис Сикеј падна во #MeeToo не затоа што сексуално малтретирал некого, принудувал на ова или она или бил незаситен предатор туку затоа што не му се мастурбира сам па прашувал дали пречи ако го направи тоа пред нив. Вика, не знаете колку сте среќни што други не знаат на што се палите. За мојот фетиш и Обама знае.

Кога талентите ќе пресушат а шоуто мора да продолжи

На овдешните, регионални и белосветски шоуа за таленти се изнагледавме секакви надарени луѓе за пеење, танцување, илузии, акробации, пантомими, хумор... Но, не може баш секој да го бива за општопознатите вештини. Има и такви „сингуларни таленти“ кои се уникатни само затоа што за она што ги бива, никој не помислил дека тоа е талент кој треба некаде да се пријави.  

Нема само Џејн адикшн

Фановите на Jane's Addiction цели 14 години чекаа да ги видат Пери Фарел, Дејв Наваро и останатите повторно заедно на сцена. И тоа заврши катастрофално глупо. Од нигде никаде, Фарел, кој за време на целиот концерт во Бостон бил вон себе (течности или супстанци), среде песна го нападна Наваро на кој не му беше јасно кој му е курац. На крај Фарел го извадиле од бина, останатите се гушнале и поклониле пред публика како извинување за безвезниот инцидент. 

Како настанува кањон во пустина

Феноменално објаснување на карактеристичниот релјеф на една песочна пустина. Од оние препознатливи височинки кои личат на заоблени карпи (а не се карпи) па до огромните кањони издлабени од нигде никаде. Бескрајни километри пејсаж, разбирливо обаснети на 20 сантиметри песок и шише вода.

Живееме во епизода на Саут парк

Уште одбиваме да поверуваме дека ова не е пародија. А не е. Членови на градскиот совет на Лос Анџелес отстраниле сообраќаен знак за забрането полукружно вртење (U-turn) бидејќи сметале дека овој знак е навредлив, хомофобичен и насочен против ЛГБТ заедницата. Да. Тек знак за ќорсокак да имаа во маало, ќе штрајкуваа со глад.

Путин: Запад сака да влезе во директна војна со нас?

Не е поентата што Украина ќе користи западно оружје против Русија на нејзина територија. Тоа и сега го прави. Проблем е ако користи прецизни западни ракети со висок дострел. За нивно навигирање, неопходно е да се користат сателитските мрежи на НАТО и тоа не може да ги прави украински туку само НАТО персонал. А на тој начин запад и Алијансата влегува во директна војна со Русија.

Водени Топаловиќи

Кај на сè уште не дошло стандардно кремирање (тоа поповите кочат поради неможност за „customer retention“ јер кај ќе наплатат за пеење ако се расфрла пепелта) а во светот да ти постоело и кремирање со вода, легално во 25 држави. Процесот се вика аквамација, односно алкална хидролиза. И пазете ова, давало 20% повеќе пепел во крајниот „производ“. 1.400 долари. Да повториме, „само је смрт сигуран посао“.

Стварно ли јадат мачки оние од Хаити?

Тоа  стана една од главните меме инспирации од првиот дуел Трамп - Камала. Краток увод: во малиот (60.000 души) Спрингфилд, Охајо има 20.000 мигранти од Хаити. Трамп се повика на сведоштва на локалци дека им снемува кучиња, мачиња бидејќи овие ги јадат. АБЦ го факт-чекираа Трамп, ама на кварен начин: го прашале менаџерот на градот и овој рекол дека нема докази за тоа. Ко да ја прашаш Данела дали е ок хигиената во Скопје.

Да ви каже нешто Милеи, и да го запамтите

Капитал создаваат бизнисмени / претприемачи, а не политичари. Политичари не знаат како да создадат капитал, ниту пак имаат поттик тоа да го направат, а и кога ќе се обидат да го направат единствено нешто што создаваат е корупција.

Бајден и официјално стана дедо за мајтап

Кога не е на плажа, Бајден во јавност главно добива лесни задачи, пример, оди види се со ветерани пожарникари во Пенсилванија. Од настан од кој речиси секогаш се излегува со позитивни поени и фотографии во јавност, Бајден овој пат излезе со сеир и со слика со капа Трамп 2024.

Америка нема каде освен во банкрот

Соединетите држави плаќаат 1.000 милијарди долари годишно само за камати на долгот што го имаат, а на секои три месеци нивниот долг се зголемува за нови 1.000 милијарди долари. Со вакво однесување, неизбежно е тоа да биде на секои 2 месеца, барем според математиката на Маск.

Вредниот селанец Дејвид Бекам

Кога наши спортски ѕвезди се пензионираат неретко се фрлаат на рекламирање комар и спортски кладилници или дамбетер, снимаат видеа како треба да си го смениме името. Бекам малку поскромно: бавча, неколку кокошки и петел, многу зеленчук, фино средени овошки... Неоти сам ја работи бавчата ама му е пиц-пец. Битно дома да не седи за Викторија да му досаѓа со прашањето да не е здебелена.   

Не тепајте ги децата, животот ќе ги тепа

Една убава животна лекција од Душан Прелевиќ Преле, покојниот белградски рокер и блузер со недошмирглан глас, боем, алкос но и татко. Ако раката тргне кон малото суштество, сетете се што сè го чека во животот. 

Кога тато ќе ти упадне на свирка

Ако татко ти се бави си музика, природно е тој талент да се пренесе и на децата. Природно е и тие да посакат да се занимаваат со музика. Не мора тоа да е на голема врата. Може и поскромно, со гитара да свириш и пееш во некој паб во Брајтон. Природно е и таткото да посака да види и слушне како звучи ќерка му. Обична е тоа приказна, освен еден детал: таткото е Дејвид Гилмор.