Off Topic

Предупредување: Вистините знаат да бидат незгодни

Психотерапевт со брутална дијагноза за ситуацијата во која сè повеќе луѓе, главно млади, се жалат дека не можат да најдат сродна душа. Изобилството го комплицира изборот, социјалните медиуми ги тераат луѓето да споредуваат и да бидат несреќни со својот живот а треш психологијата ги убедила дека секој е посебен и му следува да биде среќен. Некои ќе бидат погодени од одговорот, но и тоа е дел од приказната, луѓето сè нешто да ги погодува.

Две Србинки заглавени на две различни локации

„Луѓе, заглавени сме овде на Малдиви!“, инстаграмски драматично споделува едната од нив, барајќи емпатија од следачите заради состојбата во која се наоѓа поради војната во Иран и хаосот во авионскиот сообраќај. Другата се јавува од сосема поинаква локација, локација во која колку и нешто драматично да му се случи на човек, никој тоа сериозно не го сфаќа. 

Дајте му Оскар за воена камера

Два британски воени џета, авторитетно летаат над Кипар, покажувајќи ја нивната подготвеност да го бранат просторот по кој шпартаат. Нови, модерни, опремени со најнови технологии, совршено прецизно го параат небото над Кипар. Но, нивното снаоѓање во простор не е ништо во споредба со чувството за простор на камерманот кој ги снима.   

За жените во Иран и САД

Иран ја имаа онаа идиотска „морална полиција“ која со бело-зелени комбиња шпарта по улици за со опомени и казни да ги спроведува строгите исламски правила за облекување и однесување, особено на жените. Но кога американски сенатор ќе ја претстави состојбата, на најамерикански можен начин (црно-бело), и на глуп човек му е јасно дека се работи за гола пропаганда која треба да ги оправда бесрамните потези на империјата. Гајле им е нив за жените во Иран.    

Духовниот отец на Трамп е жена, јако луда жена

Марко Рубио деновиве објаснуваше дека Иран го водат верски лудаци. Хмм. Ја видовте онаа бизарна сцена од Белата куќа, кога верски лидери му ја праќаат силата на молитвите на Трамп кој седи и мижи, собирајќи ја енергијата небаре е Тор. Меѓу нив беше и Паула Вајт, особено опичена особа, евангелистичка проповедничка, духовна советничка и негова лична пасторка. „Да му кажеш не на Трамп е како да му кажеш не на Бога,“ ќе пресуди Вајт. Рубио, добар?  

Луѓе со завршено второ, мислат ќе го уплашат Боро

Навреди, закани, заплашувања и пцовки се редовен придружен декор во импресивната новинарска кариера на Борис Дежуловиќ, најдоброто перо на Хрватска и екс Југославија. Но, таквите балвани секогаш одат чекор понатаму. Овојпат, хед енд шолдерс типови од извесна Автохтона хрватска партија им одат пред куќи на неистомисленици. Во случајов тргнале кон домот на родителите на Боро, речиси 90 годишни луѓе. Фуј, бљак и фак.

Бодан, Циле, Хендрикс

Васил Тупурковски не беше уникатен социјалистички функционер само затоа што носеше џемпери кога задолжително се носеа одела. Циле не e габаритен човек само по физичкиот волумен туку и по животното искуство и широчината на неговата љубопитност. Чутура од Рибља Чорба пренесува што му раскажал Бодан Арсовски кога до него седнал Циле. Слушнете ја приказната и помислете, што ли би имал да раскаже, на пример, Бојан Маричиќ? 

Никшиќки Икс-фајлс

Градот Никшиќ има службена Лада, ама ја нема. Ладата ја нема година и пол и е пријавена во полиција. Ама и покрај тоа што ја нема и полицијата ја бара, во неа редовно се полни бензин на службена картичка.

Крафтверк, сефте

Настапот на Крафтверк на фестивалот „Рингишпил на младите“ (1970) во Соест, Северна Рајна Вестфалија, е најраната концертна снимка на пионерите на електронската музика. Таа година се формирани и се во оригиналниот состав. Публиката као малку збунети, ама, малку по малку, го фаќаат ритамот. Ожежи, мајсторе!

Бизнис лекција: Авансно плаќање

Девојката ја научи важноста да се обезбеди и осигура плаќањето пред да се обврзеш на договор. Дечкото е другар на брат ѝ и држи ДВЕ пластични чаши со вода. Понудата му гласи: Ќе ти дадам 20 долари ако ми дозволиш да ти истурам ДВЕ чаши вода врз глава. Таа не гледа проблем во тоа. Тоест гледа, ама малку доцна. 

Минута молк за поразените да се соземат

- Кој е овој човек, како има дојдено овде? - шокирано праша политичкиот коментатор на левичарските „Младотурци“, Ченк Ујгур, за гостинот кој ги заплеска сите оние кои се на пола копје од победата на Трамп. - Овде сум по покана, а дојдов со пасош, му враќа Пољакот Доминик Таржински (десничар, суверенист), член на Европскиот Парламент. Жестоко.

Ми има апетит малиот

Детска количка е за возење дете, ама за досетливи мајки, има тука место уште за триста работи, особено кога се оди да се пазарува. Жени вработени во маркет пленат и вадат сè што има напикано домаќинката кога решила и таа да види аир од малиот ем неговата количка.  

Камала во сите држави била бетер од Бајден во 2020

Во ниту една сојузна држава Камала Харис не успеала да собере повеќе гласови отколку нејзиниот шеф во 2020. На локално ниво има по некоја област во која го претркала, меѓутоа на сојузно се 50 спрема 0.

Како Трамп ги собра гласовите

Милиони од гласовите што завршија на контото на Трамп не се за него директно, туку се против десетици работи што изминативе години беа натурани како нормални и разбирливи.

Невидена уметност

На светов постојат преваранти, големи преваранти и уметници. Еден од нив е Салваторе Гарау кој има продадено скулптура за 18.000 доларчиња, со тоа што скулптурата е невидлива, тоест скулптура нема! Ама махери се за објаснување на „концептот“: „Гарау го оспорува поимот на физикалност во уметноста. Вакуумот не е ништо повеќе од простор полн со енергија, па дури и да го испразниме, останува да важи принципот на неопределеност на Хајзенберг“. Да повториме: скулптура нема!

Ја гледаме и ни се плаче

Додека Бил Гејтс сака да ги вакцинира кравите за да не испуштаат многу метан, во Велика Британија донеле закон за наследство кое ги опфаќа и земјоделците и фармерите и бара секој фармер кој ќе сака да го остави имотот на своите деца, да плати за тоа. Девојката од видеото вика дека данокот е 20%.  Кој сака повеќе до дознае на темата, нека гугла. Ние би да ви го покажеме селанчето. Капка.

Мира Бањац полни 95 години!

На денешен ден во 1929 година, во војводинското место Ердевик е родена Мира Бања, легендарна глумица, веројатно најголемата жива ѕвезда од југословенскиот филм. На театарската сцена беше одлична партнерка на чудесниот Зоран Радмиловиќ а на филмското платно беа извонредна двојка со фасцинантиот Данило Бата Стојковиќ. На 95 години Бањац е активна но живее мирно и се грижи за болниот син. 

Кралот и премиерот пречекани во поплавените региони на Шпанија

Во поплавите во Валенсија загинаа речиси 220 луѓе, башка уништените животи и милијардите евра штета направена на жителите во регионот. Тој со чадорот е кралот, тој во џипот е премиерот.

Како се победуваат параноични? Признај им сè

Сакајќи да демонстрира луцидна перцепција и да покаже дека тој истражува подалеку од другите, репортер на Њујорк Тајмс забележува дека крајните десничари од групата „Proud Boys“ биле горди што Такер Карлсон носел црно-златна вратоврска на митингот на Трамп во Медисон сквер гарден, што се нивни официјални бои. - Дали со тоа ги подржувате? - прашува тој. -  Ме фати жив, умен тој - му одговара Карлсон.

Инфлуенсерски сновиденија

Рики Џервејс ги трола оние инфлуенсери и други ѕвезди кои не само што решаваат политички да подржат некого туку притоа фаќаат да објаснуваат колку е тоа важна историска одлука, како е неопходно да победи вистинската опција, како ќе се отселат од земјата ако победи другиот.... На таквите не треба ни да им смислуваш ништо посебно, доволно е само да ги повториш нивните зборови, за да сфатат колку надмено и глупо звучи тоа. Ваљда.

Трамп е мастер трол

Ден по изјавата на Бајден дека фановите на Трамп се ѓубре (види овде), изјава која е толку несреќна што се толкува и како одмазда на Бајден за Камала бидејќи со оваа изјава тој му сервира победа на Трамп, златокосиот се возеше по Америка со брендиран камион за ѓубре, држеше митинг облечен како ѓубретар а неговиот поддржувач Вивек одработи смена во комуналното. 

Остани ѓубре до крај

Новинарски ведети и тешкаши од CNN, MSNBC и слични „бањати“ медиуми се редеа пред екран за да ја изразат својата згрозеност и огорченост од тоа што стендап комичарот кој го отвори митингот на Трамп во Медисон Сквер го нарече Порторико пловечки остров од ѓубре. Приказната ја закуца и затвори (во сосема друг правец) Дементниот Џо кој симпатизерите на Трамп ги нарече - ѓубре.

Дивоградбата Жозелин

„Жозелин, ти си најубавата жена на светот!“ ѝ вика папарацо новинар на швајцарската богаташка и џет-сетерка Жозелин Вилденштајн, откако таа во Париз го покажа своето ново, најново, чичка ново лице. Ете, така тоа функционира. Некој ќе им каже (или ќе им напише во коментар на Фејсбук) дека се најубави и тие стварно ќе поверуваат во тоа. За среќа, многу од оние што се лабилни како Жозелин, немаат толку пари за да се унаказат како неа.

Акција - реакција

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, соопшти дека полициското разузнавање дошло до информации дека во едно предградие на главниот град Сан Салвадор, се кријат луѓе од една  банда. А потоа го објави ова видео во кое ќе видите како е реагирано: со 2.000 војници и 500 полицајци, за да се извлече секој од бандата, до последен. Претходно предградието било опколено со мрежа. 

Даските што Голф значат

Со оглед на тоа што легендарната Голф Двојка беше лансирана во праисториската 1983 година, не е чудно до 2024 година да ја изеде 'рѓа. Газдата на овој комад имал баш таков проблем, особено со подот на Голфот кој веројатно бил скапан. После овој сервис гарантирано веќе никогаш нема да има проблеми со 'рѓа. Со црви, тоа е друга работа.

Колку се полоши анкетите за демократите, толку поужасни луѓе почнаа да вадат

Викторија Нуланд, божицата на војната и биолошките лаборатории во Украина, ретко ужасно човечко суштество и заедно со Хилари и Олбрајт, почесен член на најгеноцидното женско трио што некогаш излегло или владеело со САД.

Само да не фати кладилници кога ќе порасне

Малиот се вика Габриел и веќе е планетарно познат на мрежите по својата неверојатна надареност да ја изгуби секоја игра во која учествува. Неговите прават наградни игри со детски поклончиња за него и другите деца од маало а нашиов е апсолутен баксуз во секоја нив и успева да го извлече она што е најшакрт. Габриел не поднесува лесно пораз, ама, се навикнува.

 

Тешко дека денес ќе чуете подобра вест

Авторите од Вајркатер на Њујорк тајмс, луѓе кои се смараат со правење листи на секакви производи, нивно тестирање и рангирање, стигнале до заклучок, и стојат зад него, дека садовите пред ставање во машина не треба да се гланцаат, туку само да се испразнат, бидејќи на детергентот му треба нешто валкано за да се фати.

Кустурица: Светот не е исполнет само со манијаци и убијци

Многу е тешко да не се подлегне на песимизам кога човек опишува или се обидува да заклучи што се случува. Од Јувел Харари, Клаус Шваб, политиката што ја води нашата влада, руската влада, политиката што ја водат Американците, човек многу лесно може да падне во депресија. А депресијата е крајната станица на нарцизмот.

Во потрага по другарите од војска

Митко Панов е наш човек, од Скопје, кој ја напушта татковината после отслужувањето на воениот рок во ЈНА. Цимнат од старите слики од војска, долги години подоцна, од Њујорк се враќа овде, за да ги лоцира и најде другарите од класата септември, 1981 година. Ако тоа не ви е тематски и генерациски блиско, баталете, ако е, документарниот филм „Јарани“ ќе ве наполни со емоции. Судбини, судбини, судбини....  

а