Во Холандија имало уапсено и убиено многу повеќе Евреи отколку во Франција заради една проста (но статистички значајна) причина: за разлика од францускиот, холандскиот попис имал и графа за религиозна припадност па Нацистите таму точно знаеле на која врата да тропнат. Башка што кооперативните Холанѓани тие податоци ги имаат предадено доста ентузијастички.