Јубилеј на остарениот рокер

Култниот белградски клупски музичар Петар Митровиќ (56), попознат како Пера Дисторзија, на синоќешната свирка ја одбележа 20-годишнината од критикувањето на модерната уметност и сега веќе прочуеното тврдење дека не останала добра музика и дека сè што вреди е отсвирено во минатиот век.

На концертот во клубот „Бензин“, г-дин Дисторзија им порача на публиката дека денешната музика „нема душа“ и дека е потребно да се држиме до докажани вредности.

Во минатото, музичарите мораа да бидат квалитетни за да можат да напишат песна и да ја отсвират добро, а денес музиката се создава во соба на компјутер. Сè е вештачко, бездушно, за разлика од музиката што ја создаваа Клептон, Цепелин, Елвис или Брус Спрингстин, која има незаменлива човечка топлина - рече Пера Дисторзија пред  насобраната публика.

Како што овој музичар му рече на новинарот на „Вести“ после концертот, последната добра група што се појавила во музиката беше Нирвана, иако и тие „се лизнаа во комерцијала“.

Со децении ништо ново не е измислено во музиката, се рециклира она што веќе е свирено, се врти едно - исто а вистинските вредности се игнорираат. Да не го спомнуваме фактот дека според кон правиот рокенрол постои медиумска блокада на телевизиите, а Гранд и народњаците ја трујат нашата младина. Постои заговор против рокот затоа што е опасен за системот и затоа моќниците го потиснуваат од медиумите - резигнирано заклучи г-дин Дисторзија.

Ненад Милосављевиќ, Њузнет

 

4 јуни 2025 - 16:03