Off Topic

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Сакај го сопатникот свој

Љубов е кога другиот го ставаш на прво место, или на кое и да ти е место одговарањето на пораки додека возиш, епа едно пред тоа. Види како мило ве замолуваат.

Зошто власта треба да ги легализира сите дроги

Преземен од Србија, ама искуствата не се далечни. Аргументот е дека се што ти треба во борбата против дрогата е да ги натераш нарко-дилерите да отворат фирма, после само остај му на системот нека меле.

За родителите, и правото на говор

Аргументот е: луѓе што немаат деца, немаат право им зборат за деца на луѓе што имаат деца. Контрааргументот е каде, каде подобар.

Вапцање јајца, некст левел

Дочекавме да живееме во време во кое роботите можат да фарбаат јајца за Велигден, и тоа чиста хипстерана се дизајните.

Како е можно да се негира еволуцијата?

Едно крајно поучно видео за логиката по која во кој било кафански/маалски муабет може ладнокрвно да се оспорува еволуцијата без притоа да имаш и грам релевантно научно познавање.

И ММА имаат душа

Иако кулминација на ММА борба најчесто се тие 2-3 секунди активно пасирање на лицето на противникот додека тој избезумено лежи на патос, има и борци за кои не е сè во толчењето.

Збогување со Маџгаљ (1978 - 2016)

По подолги проблеми со здравјето, минатата година во август Маџгаљ е опериран заради проблеми со панкреасот. До пред еден месец тој живее во Подгорица, по што заради влошување на здравствената состојба е префрлен во Белград каде што денес почина. Токму Белград е неговиот роден град, иако детството го минува во Котор.

Пет основни фори за готвење од Гордон Ремзи

- Како да исецкаш кромид.
- Како да свариш ориз.
- Како да ја отстраниш кожата и коските од риба.
- Како да наостриш нож.
- Како да свариш шпагети.

Не, не знаеш како!

Виртуелна пре-реалност

Во последното време ако сакате да видите како изгледа детска радост кај возрасен човек, дајте му да проба наочари за виртуелна реалност. Главното неверување е колку е реална целата работа, се додека не стане премногу реална.

Татко на денот

Можеби нема пари да купи добар ВР сет, ама затоа има желба да ја почасти малата со безбедно искуство на возење точак по планински патеки. И како го осеќа теренот, махер!

Правила за пиење

За гага пијачки, за частење пијачки, за односот на шанкот, на маса, за односот со девојки, со себе....

Корпоративен кодекс

Запомнете, вие одбравте да работите кај нас и ние сме тука да обезбедиме позитивно работно искуство. Затоа сите прашања, грижи, жалби, фрустрации, лутина, заострување на односите, инсинуации, наводи, обвинувања, размислувања, депримираност и слични информации, треба да бидат упатени на друго место.

Медитацијата на Андрија и Анѓелка

Нивната заедничка медитација оди одлично и синхронизирано сè додека Андрија не ја здогледа Софија Вергара, по што, нормално, патиштата им се раздвојуваат.

Правачот

Вели дека животот се сведува на тоа да направиш нешто, нешто што е битно. Тој страста ја наследил од татко му, а тој пак од неговиот татко. И го држи, не попушта.

Бетмен против Супермен, ретро

Првиот Супермен излегува 1978-ма, првиот Бетмен излегува 1989-та. Супермен го има Кристофер Рив, Бетмен го има Мајкл Китон. Ова се искрените трејлери за двата филма.

Песна која брег рони

Новата песна на Темпера е од оние кои нема да ти влезат од прва, ама ќе те чешаат да ги слушнеш уште еднаш, сè додека не си ја најдеш тишината и сè додека не се осмелиш да се пуштиш по реката. Потоа е сè полесно. Кормилото на "Тивка река" е во гитарата на Гино и гласот на Тања, веслата се кај искусните сплавари Мите и Ѓоле. Спотот е на Изи. Запловете слободно, во сигурни раце сте.

Даскалот Мајлс Дејвис

Моќна порака до сите учители и оние што се мислат учители. Раскажува ученикот, Херби Хенкок. Многу добра приказна.

Упатство: Како се игра со куче?

Новинар на Вол Стрит Журнал прави интервју со познатиот шепкач на кучиња Цезар Милан. Значи, имаш новинар, топка и куче. Што прави новинарот? Му ја фрла во муцка на кучето! Може па мисли дека е куче - одбојкар. 

Џон Оливер за ѕидовите на граници

Конкретно ѕидот за кој што се расправа е на Трамп и е на мексиканско-американската граница, треба да го плати мексиканската влада и уште не е изграден. Во исто време, насекаде низ Европа без граници испоникнаа огради за кои не се расправаше, и за кои плаќаа европските држави, а кулминацијата на ова ќе се достигне во Турција со ѕид (за кој исто така не се расправаше) платен од ЕУ.

Кинезите многу отидоа напред

Иако благодарејќи на вродениот талент суверено владееме со шведските маси во туристичката околина на земјава и бевме кошмар за секој што ќе се прелаже да стави "ол-инклузив" во својата понуда, од далечниот исток доаѓа сериозна закана за нашата доминација во форма на - кинески туристи.

Бунтот на нашето време

Велат дека капитализмот и благосостојбата ги има пасивиризано луѓето, дека денешниот граѓанин е во неповратно улулкан во конзумеризам и апатија. А не е баша така. Има и денес луѓe кои се поинакви. Дај им некоја норма, ќе ја скршат, спремни бескомпромисно да јуришаат против установениот поредок  на правилата кои ги гушат. Е, во чест на таквите бунтовници.

Не бе!

Дечково мести три рубикови коцки додека жонглира со нив. Или е тоа или сме ние ќори некако.

Скејтерски иновации

На онолкав Јутјуб и полна кофа извонредни скејтери од цел свет, навистина е тешко нешто ново да се измисли. Но ако нешто е тешко, не значи дека е и невозможно. Ричи Џексон, кицошки облечен цар на даска.

Сè што треба да знаете за францускиот јазик во 4 минути

Најдобрата лекција по француски? Оди учи италијански!