За пиво без грижа на совест

Она што кај нас е гајба како количина за пиво, во американските навики е малку поиндивидуално димензионираниот "6-pack". Иако мерката важи и за 6 шишиња, најчесто станува збор за 6 лименки пиво, кои меѓу себе се врзани со едни навидум безазлени пластични кругови. Кога ќе пресметаш дека минатата година Американците испиле 6,3 милијарди галони пиво, од кои 50% биле во лименка, овие пластични кругови веќе не се така безазлени. Луѓево веруваат дека го решиле проблемот.

До сега последиците од овие кругови изгледаат вака:


Решението треба да биде во биоразградливи кругови, кои ќе служат и како храна за морскиот живот:

19 мај 2016 - 14:53