1. Три пати неделно ме носи на бурек. Ја го месам, сукам и го печам бурекот а он ми вика: 'Бујрум Фато, излези од кујна и пробај и ти малку'.
2. Попладнe никогаш не спиеме заедно. Toj спие на каучот во дневна а јас бришам прашина.
3. Секој месец, штом добие плата ме носи да ми купи разни поклони: детергент за садови за да не мијам на суво и разни течности за санитарии да не мора да ги тријам плочките и кадата само со четка и вода.
4. Родена сум во ноември па за роденден ми купува 4 кубика дрва и после гледа како уживам во поклонот додека ги носам дрвата во подрум. Таа вечер уживаме во огинот од печката иако знам дека го нервира кога му зборувам дека би сакала некогаш за роденден да добијам два тона ќумур. Гледам дека врие, дека се воздржува да ми ја залепи една и да ми каже: 'Само што отвори еден поклон а веќе мисли на друг!'. Но, такви сме ние жените, што се може тука?
6. Води сметка за мојот изглед и како добар сопруг внимава на мојата линија. Стави катанец на фрижидерот да не можам да доручкувам. Ако направам копани за ручек, он ги јаде копаните а мене, срце мое, ми го остава компирот. После му викам: - Па не се и децата на диета. А он прашува: - А женски ли деца имаме? - Женски. - Е, па мораат на диета ко мајка им! Таков ти е Мујо, модерен. Некаде прочитал дека јаболковиот оцет е добар за диета па минатата недела ми забрани да јадам и ми даваше само по чаша оцет трипати дневно, се додека не добив пролив.
7. Посебно води сметка за мојот тен. Секоја вечер ме тера да ставам маска. Не ми го видел лицето за време на сексот едно десетина години. Поточно, штом се врати од работа, одма ме тера да ја ставам маската за да ми биде мека кожата. Во сабота и недела не ми дава воопшто да ја симнам маската и ја држам на себе цел викенд. Јас го молам да ми ја симне барем додека играат Милан и Лацио.
8. Кога се шетаме по продавници изгледаме како вљубена двојка, пошто Мујо стално ме држи за рака т.е. ми ја завртува наназад за да не можам ништо да пипам.
9. Ноќе ме брка од спалната соба за да не мора да слушам како хрчи.
10. Не ми дава ништо да работам по дома сама. Секогаш ја вика мајка ми заедно да работиме.