Off Topic

Ентони Хопкинс менува кариера

На 88 години, после шест децении минати како актер, Оскаровец и велшка културна икона, сер Ентони Хопкинс отвора ново поглавје во својата креативна кариера. Потпиша договор за албум со класична музика. Тоа е неговата прва љубов, уште кога на 4 години му купиле пијано. На 10 веќе го свирел Бетовен, на тинејџерски години почнал да компонира. 

Патeките кои ги избира животот

Ги знаете оние мали, природно разгазени кратенки вон пешачките патеки (обично по хипотенузата на некој агол). Во некои земји, кога се урбанизира некој простор, пешачките патеки не се прават однапред, туку се остава животот и луѓето сами да ги изберат оптималните патеки кои потоа само се потврдуваат со асфалт, павер, песок. Бродвеј улицата е така настаната.

Балканот како магацин за резервни делови

Блогерот Круле (Јадранко Ходак) за вечната тема која станува сè повидлива во посиромашките делови на Балканот. Дали живееме лошо затоа што толку сме заработиле и заслужиле или затоа што некои побогати и посреќни држави нè чуваат како резервати за квалификувана работна сила, од лекари и забари до плочкари и водоводџии. 

Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Има едно правило до кое се држиме дека за покојникот или се кажува „сè најдобро“ или се молчи. Бидејќи за ненадејно починатиот американски сенатор Линдзи Грем немаме да кажеме ништо добро а не па најдобро, само ќе потсетиме што пишувавме за него додека беше жив и ќе го оставиме со свои зборови сам да ви се огади. 

Носталгија по старата Америка

Стоунси го извадија својот 25-ти албум, Foreign Tongues. За некои тоа е најдобриот нивен албум со децении, нам повеќе ни се бендисуваше претходниот Hackney Diamonds, ама на новиот му должиме уште пар преслушувања. Една од песните е Ringing Hollow за која одма се извади муабет е дека против Трамп. Џегер и Ричардс дообјаснија: не е до Трамп, цела Америка денес е малку разочарувачка. 

Лов на воени регрути

Најновиот во серијата инциденти низ Украина кои ја покажуваат растечката фрустрација кај населението поради мобилизацијата во петтата година од војната со Русија се случи деновиве во Лвов. Единиците за регрутација пикирале маж роден 1996 година, баран заради нерегистрирање за воена служба. Но, акцијата не помина мазно. 

Шибај напред, вештачка интелигенцијо, не нè чекај

Одвреме- навреме, на сајтов оставаме по некое импресивно парче кое е репрезентативно за тоа до каде стигната вештачката интелигенција до датумот на објавувањето. Тоа го правиме чисто за после неколку години, да се чудиме на какви баналности некогаш сме се чуделе. А дотогаш, до толку ќе збудалиме од мешањето на реалностите, што ни на одразот во огледалото нема да му веруваме.  

Зошто е тешко за црнец да верува во реинкарнација?

Комедијата и хуморот се врвни модалитети на човечкиот дух. Способноста да се види една банална работа од сосема друг и неочекуван агол бара талент, осет за тајминг, испорака.... Обично вицот има еден панчлајн. Овде тие самите се редат бидејќи сетапот е одлично поставен. Еве пред да ја погледнете точката, поставете си го истото прашање од насловот и видете дали ќе ви дојде...    

Бил Бур не се насанкува така лесно

Новинари го начекуваат Бил Бур и се обидуваат да изнудат некоја контроверзна изјава за да имаат наслов и да собираат кликови. Не е тој од вчера. Им вика дека едвај школо има завршено, дека не гледа вести туку скрола по Инстаграм, главно мотори и хиени. Ги поучи и дека не треба да прашуваат комичари (Што е следно, ќе ме прашате за Блискиот исток?) и само да пренесуваат изјави туку да се сетат дека се новинари и да си ги вратат јајцата. Што сега ги немаат.

Женски таленти

Фина зезанција за тоа како префинети чувства за препознавање работи може различно да се користат. На почетокот е жена која го препознава парфемот по „кликот“ кој го прави капачето на шишето. А потоа жена која совршено го користи своето истенчено чувство за мирис. Само, овојпат не се работи за парфеми.

Диего Макарона и Пиво Андриќ

Да ви ги покажеме урнебесните дела на Андреј и Димитрие, дечки од Србија кои не се сувопарни графички дизајнери (ова малку полево, ова малку подесно) туку креираат оригинални „брендови“ и имагинарни бизниси (на пример: Рибен ресторан „Гирица и Марица“) со луцидно вметнати референци од поп-културата, музиката, филмот.... и најважно од сè, со многу хумор во нив.

Не бива Солун без македонска песна

Савина Јанату е позната грчка пејачка со повеќедецениска кариера која има нов албум (со групата Примавера Салоника и долгогодишната соработничка Ламиа од Тунис). „Савина знае да нè транспортира преку векови и држави“, пишува Гардијан за албумот "Watersong", инспириран од водата како мелем и како проклетство. Јанату нè транспортира од Ирска до Ирак, од Корзика до Калабрија, од Македонија до Македонија.

Трамп знае амбасадор за Србија да одбере

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Марк Брновиќ, адвокат, ветеран и поранешен јавен обвинител на Аризона (Американец со српско потекло и член на Републиканската партија)  е избран за нов американски амбасадор во Србија. Доаѓа на местото на Кристофер Хил, кој своевремено беше амбасадор и во Македонија. Наместо да ви го претставуваме Брновиќ, да оставиме тој самиот да се претстави.

Сиот тој џез... капитал

Најбогатиот музичар на светот е побогат од Бијонсе, Боно или Дилан и патем, ги има освоено сите музички награди што може да се освојат, од Греми до Тони. Зад него е повеќе од полувековна музичка кариера па сепак, многумина можеби и немаат слушнато за него.

Темната вистина зад УСАИД

Јутјуб каналот Red Pill Bunny концизно ги поврзал точките за вистинските мисии за контрола и влијание на неодамна укинатата американската агенција за развој. Од силните нетранспарентно потрошени милијарди до извозот на франшизата наречена Шарена револуција. Послe Маск и ДОГЕ е лесно да се мудрува, но останува мистерија како Американците толку долго не беа свесни за ништо од ова.   

Избрусена историја

Ако некому е полесно, Заев и таа тајфа не се единствените кои со брусилки сакаа да ги избришат знаците на сопствената историја и сеќавања, па се стругаа шахти (за да им удоволиме на Грците)  и споменици од НОБ (за да им удоволиме на Бугарите). И во Литванија се брусат шахти од знаците на СССР, или да се подзаборави нивниот доброволен колаборационизам со нацистите.

Сите се верници... на вилица

Кога ќе прашаат луѓе на анкети, сите се за мир во светот, сите се хранат здраво, сите редовно вежбааат, пропуштаат пешаци на пешачки, го вадат белото од мортаделата заради холестерол... Слично е и со верата. На такви истражувања, испаѓа дека 22% Американци редовно одат во црква или друг верски храм. Следи им го ГПС-от на мобилните, ги има само 5 посто.

Како Курти испадна Заев

Албин Курти беше убеден дека зборува со претседателот на Литванија па се расприкажа не само за „хибридната војна“ во која биле вмешани Србија, Русија и косовската опозиција туку и за човекот на Трамп, Ричард Гренел кој го обвини за пуч а сега ќе треба да ги средува геј луѓето во Кенеди центарот, иако самиот е геј. Па „Литванецот“ му вика, а знаеш ли дека и јас сум геј?   

Како Германија си пукаше во нога

Видео снимка од моментот кога Германија решава да ја сруши тогаш (2021 година) една од најмодерните електро-централи на јаглен во Европа, која била во функција 83 години, како дел од планот целосно да  се еманципира од јагленот до 2038 година. Инаку, значителен дел од 84-те такви централи во земјата досега имаат престанато со работа.

Да се смисли наш збор за ова

Веројатно некогаш сте начекале постар човек, со раце на гз, како посветено гледа во некое градилиште, небаре од неговото зјапање зависи судбината на тој проект. Италијанците имаат и збор за тоа, "umarell" и означува токму тоа, пензионер кој обожава неповикан да надгледува градежни работи и одвреме-навреме да даде некој драгоцен совет кој никој не му го бара.

Секоја генерација има свој Хомер

Прашање: „Во своите епски поеми, Хомер честопати го спомнувал нектарот како пијалок на боговите. Слична работа спомнувал и за нивната храна. Што е тоа? “ Ако вашиот одговор е амброзија, стари сте.

Најголемиот азил за бездомни кучиња во Европа

Се наоѓа во општина Јајце, Босна, се простира на 24 хектари а трошоците се 500.000 евра годишно. Го води повратник од Швајцарија кој има помош и од странци кои велат дека вакви услови кучињата немаат ни во Германија ни на други места во Европа. Меѓу другото, 425-те кучиња што моментално се таму, имаат и базени.

И без школо „далеку“ се стигнува

Дечкото решил да сними кратко видео за да ѝ покаже на својата некогашна наставничка колку била грешка кога му повторувала дека ако не учи, никаде нема да стигне во животот. Глеј ме сега каде сум професорке! - финишира оваа зезалица. Прц.

Климатска кладилница

Зошто не го слушаат Берни Сандерс кога потсетува на алармот на научниците дека ако не ни дојде памет за едно осум, девет години, големи градови ширум светот ќе бидат потонети во вода? Зошто? Затоа што идентични апокалиптични сценарија луѓето слушаат со децении и ако тие се покажаа како точни, и Берни денес ќе беше под вода. 

Убавата Анке

Извесна Анке Дудч (Anke Dudch) на Икс ќе напише: „Западен Балкан се лоши грди земји, лоши грди луѓе, ужасни грди јазици и култури. Со други зборови - тие се ќенефот на Европа, како муслиманска Албанија, Северна Македонија итн“.

Борис Буден: Европската елита нè води во војна

Борис Буден e хрватски филозоф и публицист кој никогаш не вртел многу околу темите, но, како минуваат годините, станува сè поостар, попрецизен и подиректен. За оние кои сè уште имаат илузии за „градината“ која сакаат да ја нападнат варвари однадвор или не сакаат да го видат лицемерието на оние кои го водат стариот континент, еден час мастерклас со Буден.

Или не биди овца или ќе се вртиш во круг

Ух, колку горчливо вистинито видео за многу работи. На оваа тема може да се напише есеј или докторат (а и напишани се безброј) за политика, религија, социјална психологија, интернет, авторитети, идеологија... Погледнете ги овците и признајте си дека од некаде ви е познато сето ова.

Сојузот наречен желба

Со години тапшани по рамо за идејата, на крајот на септември 2022 година, Владимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и првиот човек на Врховната Рада, Руслан Стфанчук, помпезно потпишаа апликација за забрзан прием на Украина во НАТО. Стотици илјади мртви, милиони бегалци и милијарди долари подоцна, после средбата со Трамп, генералниот секретар на НАТО им кажа - не бива тоа. Да, ништо не е готово.... освен за оние загинатите.

Човек ли е Вахтанг?

Вахтанг (Грузија) прави битбокс верзија на песната „I'm Only Human“ само што попат сфаќате дека тој е една третина човек, една третина робот, една третина електрична гитара. Некои тврдат дека е Десептикон од Трансформерс, некои дека е вонбрачно дете на Мегатрон и Оптоимус Прајм. Одамна некој нè нема вака здрмано.

Нова „ЈУ“ рок мисија: Со музика против кладилниците

Ако пред 40 години, музичари од бивша Југославија пееја за помош на гладните во Африка, сега пеат за помош на своите сограѓани од метастазираната болештина наречена кладилници и игри на среќа. Иницијатор на идејата е Александар Јаниќ Јана од Нови Сад, поранешен наркоман кој сфатил дека работата е отидена кога видел дека во тамошниот центар за рехабилитација сè повеќе доаѓаат зависници од таков тип.