Зезалици

Подкастери, добри гости ви дојдоа

Во февруари, гостин во најгледаниот подкаст на светот, беше интересен тип. Џо Роган го претстави како активист за реформи на казнениот систем и пеналната политика, со многу личен мотив за својот активизам. Дечкото има одлежано 25 години во затвор за доста банално дело. Ни мртви ни нешто слично. Го слушаш и му ја сфаќаш приказната, за недолго после интервјуто, да стигнат вести кои ја менуваат сликата.

Селфи кај телевизорот

Пред интернет ерата, дури 82% од Американците признавале дека во случај на пожар, прво нешто што би спасувале од дома би бил телевизорот. Во Советскиот сојуз (и во целиот источен блок) тој процент сигурно бил и повисок бидејќи дури таму била шема да се има телевизор. Серија фотки од тоа време на горди лица покрај статусниот симбол на нивната ера.  

„Кејтлин е машко“ или апокалипса?

Ако сакате да видите како работите ќе тргнат наопаку ако вештачката интелигенција почне да го контролира светот, видете како функционира оној несреќен Џеминај на Гугл, вели Илон Маск. Да, сега ќе го штимаат маните да му биадт помалку видливи но пристрасноста ќе остане бидејќи вештачката интелигенција ги отсликува илузиите на нејзините креатори. Следи одличен пример за морален релативизам. 

Акростихот на Доналд Трамп

Во пресрет на Божиќ 2019-та година, Доналд Трамп ѝ пишува писмо на Ненси Пелоси, првиот човек на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Ја информира за неговото престојно редовно обраќање до нацијата, малку разглаба за разликите во нивните политики и на  крај ѝ посакува Среќна нова година. Но, кога е во прашање Трамп, ништо не е крај. И да е фејк, јако е.

Пола век бевме пред Французите

„Франција стана првата држава во светот која со устав го заштити правото на абортус!“ Вака деновиве консензуално гласат насловите во западниот печат за веста дека францускиот парламент со огромно мнозинство го внесе правото на абортус во својот устав. Браво за Французите, Билобил за сите оние кои заборавија дека некогаш постоеше Југославија.

Украина меѓу пораз и пропаст

Јулиан Ропке е германски новинар кој од почетокот на руската инвазија е со про-украински позици. Ерик Принс е поранешен припадник на Фоките, а сега прв човек на платеничката компанија Блеквотер. И двајцата се без оптимистички зборови за Украина.

Хилари имала решение за Асанж

На средба со највисоки американски воени лица на која се зборувало како да се забави или спинува штетата што ја прават објавите на Викиликс, на Хилари Клинтон ѝ здосадиле килавите предлози што се ваделе на маса па предложила „Не можеме ли просто да го убиеме со дрон овој човек?“ Униформиве замолкнале а Хилари продолжила да ги убедува дека Асанж е лесна мета бидејќи (во тоа време) слободно се шетал. Каков злотвор.

Има ли алтернатива на Скопјенце?

Иако со години очекуваат да пукне, меурот со скопски недвижнини и натаму се дува и веќе е дојдено до две, двеипол илјади евра за квадрат, иако десетици илјади станови во градот зујат празни. На сите им е јасно дека ќе биде така сè додека општата перцепција е дека не постои посигурен начин да се конзервира вредноста на заработените (или украдените) пари. Купи стан, пиши го внук или стрина и нека дреме, не пие вода.

„Ама кој нас ќе ни каже...“

Од смешни до одвратни ни се оние што се прават будали во врска со инжинерингот кој се спроведува со Македонија па демек самоуверено се прашуваат „кој може нам да ни каже како се чувствуваме и дали се мислиме за Македонци?“ Како кој бе, абдали? Оние што ќе ги пишуваат учебниците, книгите, државно платените сценарија... Што ѝ е друго работа на пропагандата? Ела да ви кажеме еден пример. 

Лидл сака нешто да каже?

Ланецот супермаркети Лидл како дел од мерките против кражба во своите продавници во Германија почнува на производите да лепи аларм-налепници, и тоа не на сите туку по нивен избор на оние кои по нивна проценка е најверојатно да бидат украдени или пак се на некоја топ листа најкрадени.

Ќе има ли интервју?

Деновиве се појави слика од Такер Карлсон како седи во театар и гледа претстава околу која се вознемири комплетната американска медиумска фела. Причина за паниката е што театарот е Бољшој, сред Москва, а Такер веќе се товари за предавство затоа што како новинар можно е да разговара со Путин.

Што и пречи на Америка што Букеле апси криминалци?

Откако доаѓа на власт во Ел Салвадор, Најиб Букеле почнува отворена војна против криминалците и бандите. Од тогаш стапката на убиства во земјата е падната на историски најниски нивоа, а има упасено и над 75.000 припадници или лица поврзани со криминални банди. САД никако не може да му го прости ова.

Германска земјоделска математика

Земјоделците од Саксонија кои ја блокираа цела држава откако државата реши да им скрати субвенции и да им укине поволности под изговор дека нема пари во буџетот, седнаа и и пресметаа на истата таа држава колку германски пари расфрла кај ќе стигне.

Ви се зјапа?

Загатката ја извади британската Автомобилска асоцијација, веројатно за да ги вежба опсервационите вештини на возачите. На сликата треба да најдете издишана гума, изгубени клучеви, прегреан мотор и протечено гориво. Англискиот просек за наоѓање на сите четири работи е 65 секунди, а рекордот е 15 секунди. Одиме? 

Како да му ја извадиш маста на ЧетГПТ

Иако работа ѝ е да ти одговори најдобро што знае и умее (освен ако не му е кажано поинаку), дијалогот со вештачката интелигенција сепак е нешто што треба да се учи, вежба и надградува, за да се извлечат најкорисни и најупотребливи одговори и информации од тоа чудо кое допрва ќе нè изненадува. Резиме од цаки и трикови околу поставувањето прашања и задачи (промптови) на ЧетГПТ, за да се разберете „ко луѓе.“  

Преку 50 нијанси сиво

На познатиот сликар Боб Рос човек му се пожалил дека не може да ужива во неговата и друга уметност затоа што е далтонист. Рос, кој (иако без еден прст) има насликано преку 30.000 слики и снимено 403 епизоди од извонредната ASMR серија „Радоста на сликањето“, решил да му помогне на човекот насликал слика користејќи само сива и бела боја. А не фали ама баш ништо. 

Нека гине украинска и руска сиромаштија

Не само што е греота што украинската војна безумно трае предолго, без изгледи да се стави некако крај на тоа осакатување цели генерации мобилизирани војничиња, туку е најгреота кога ќе се види курчот на оние чии татиња се големи фаци па можат да ги спасат од тоа да дремат во ров и само да чекаат кога некој дрон ќе им фрли бомба врз глава.

Нашиот победник на Златните глобуси

Видовме кој победи, го видовме она дрво од водител Џо Кој (ах, Џервејс, Џервејс), како беа дотерани, разбравме дека Розамунд Пајк носеше онакво затоа што се учукала на скијање... Сиот тој крем и неизбежниот„крем“ потоа завршуваат на гала афтер партија на кои се цункаат од далеку за да не се размачкаат, се преодушевуваат кога ќе се видат, се прават фанови едни на други.... Не и Пол Џијамати.

Ширете го кругот на добри дела

Постои една занимлива анегдота поврзана со професорот Владета Јеротиќ. Еднаш професорот седел со пријатели во ресторан кога му пришол некој дечко, му се претставил и рекол дека тој на професорот Јеротиќ многу му должи затоа што неговите книги му имаат помогнато во животот, па би сакал да ги части пијачка и на тој начин да му се заблагодари.

Пошто им е бензинот?

Кај и да отиде наш човек во светот, колку и да е егзотично или мистериозно тоа место кое може да покрене лавина љубопитни прашања, кога ќе се врати овде, меѓу своите, него го чекаат главно две прашања: колку е таму бензинот и колку им е пивото. Пошто пивото е малку покомплицирана категорија (каде го пиеш и слично), да видиме како стојат работите со бензинот по светот.

Фрлање петка-глава не е 50:50?

Фрлање паричка е едноставен и неутрален начин да се реши некоја дилема. Ама пазете ова, нашле 48 добороволци (бадијалџии) кои фрлале и бележеле што се паѓа. Користеле монети од 46 различни валути а фрлале паричка преку 350.000 пати. Статистички та-адаам: предноста (околу 51%) е на онаа страна која била горе кога се вртело.

Дамски разлики

На фотографијата се првите дами на СССР и САД, Нина Хрушчова и Жаклин Кенеди. Контрастот е впечатлив. Едната течно зборувала пет јазици, го изненадила Рокфелер со своето познавање на економијата и беспрекорно владеела со дипломатскиот бонтон.

Математиката на одбрана на Црвеното море

Во неочекувана реприза на кризата од пред две и кусур години кога брод заглави во Суецкиот канал и со тоа блокираше еден од најважните поморски патишта на свет, изминатиов период бродови од најразлични држави не можат ни да припарат до Суецкиот канал затоа што Хутите купиле дронови и ракети, и се расположени да ги користат.

Успехот на Александра Пријовиќ како парадигма на цивилизацијата

Девојката изгледа убаво, убаво се облекува, пристојна е, убаво комуницира, маркетингот што ја следи е блиску до совршенство. Па што не е во ред со тоа? Празнотијата. Целосна празнотија, плиткост, бесмисленост. Ние како општество, како луѓе, како цела цивилизација, полека но сигурно тонеме во сè поголема и сеопфатна ПОВРШНОСТ.