Како да ја направите својата жена љубоморна (откако ќе умрете)?

Не само жената туку сите оние што ќе дојдат да ве испратат оти е таков редот, а не дека посебно им е жал за вас. Замислете го тој погреб, со дифолтно сериозни лица наоколу, кога се појавува ТАА: ултра згодна, ултра убава, ултра елегантно облечена во црно, тажна... а што е најважно, никој од присутните не ја знае. Има да им падне вилица до земја. Значи, има кој да ве жали. Треба само да се умре. И да се плати.  

„Само вие заминете. Ние ќе ги оставиме без зборови. Премиум услуга што нуди фрапантни, провокативни женски - тажачки за да се осигурате дека вашето последно заминување ќе биде најзборуваниот настан во годината“.

Ова се воведните зборови на сервисот (за жал, странски) со кој се изнајмуваат згодни таинствени женски да дојдат на вашето последно испраќање за да внесат интрига и мистерија околу вас и вашиот живот.

Слоганот им е: You Die We Cry.

И продолжуваат:

Замислете прекрасна, непозната женска како стои во задните редови, тивко плачејќи во чипкана марама. Или можеби остава една црна роза на вашиот ковчег пред да исчезне во црниот седан што ја чека. 

Имаат три пакети:

Шепот (1.500 долари): 
- Една тажачка професионалка
- Стандардна црна облека
- тивко цимолење (без звук)
- еден час присутност 

Скандал (3.500 долари)
- Една премиум тажачка
- Избор на улога
- Облечена во највисока мода
- Плачење со звук
- Драматично излегување (вклучен црн седан)
- Загадочна порака оставена на ковчегот

Сапунска опера (8.000 долари)
- Три професионалки нарикачи
- сценарио за конфликт меѓу ожалостените
- паѓање во несвест (опционално)
- присуство и во капела и на гроб
- спомнување татковство

Да ви претставиме дел од девојките кои можат да се изнајмат:

п.с. И да е тролање, одлично е.

26 март 2026 - 15:41