Ќе ја изгубиш толпата ама ќе се најдеш себе си

Фридрих Ниче, заедно со Никола Тесла, Иво Андриќ, Пауло Коељо, Марк Твен, Буковски... се омилени интернет ликови на кои им се припишуваат секакви „цитати“ иако тие немаат врска со тоа. Овој краток состав за свесноста и осаменоста кој би можел да има работен наслов „Така (некако) зборуваше Заратустра“ прилично добро го фаќа „вајбот“ на Ниче. 

„Оној што гледа премногу, на крајот не се вклопува никаде. Тоа е проклетството на свесноста.

Кога ќе почнете да гледате под површината, светот престанува да се чини едноставен. Ги гледате игрите кои луѓето ги играат, нивната лажна самоувереност, скриените мотиви... и почнувате да сфаќате дека општеството е изградено на слоеви од лаги а луѓето се движат како овци. 

Тоа не можеш да го од-видиш. А ако прозбориш за тоа, луѓе ќе ти викаат дека премногу мислиш или дека халуцинираш. Па ќе престанеш да зборуваш и само ќе посматраш и ќе престанеш некаде да припаѓаш. Не затоа што си подобар од сите други туку затоа што конечно си сфатил што се случува. Гледаш сè и просто не можеш да бидеш дел од тоа.

Свесноста ќе те изолира, но тоа е цената на јасноста. Можеби ќе ја изгубиш толпата, но ќе се најдеш себе си“.

Слична обработка на темата има и инспирирана од пишувањата на Карл Јунг:

 

11 февруари 2026 - 12:02