Мешано

Империјата наречена Онлифанс

Огромна е тоа империја, и во пари и во број на луѓе кои гравитираат околу тие цицки и газови кои се основните ресурси на царството. Заработуваат повеќе од НБА, имаат двојно поголем буџет од Обединетите нации а најкутри се мажите. Оние хетеросексуалните.

Исповед на покаен рок сноб

Можеби ви се превртува стомак кога ќе го видите Десингерица како ја мава публиката со патика и им ренда сирење на глава, но крајно неправедно би било за тоа да ги обвините Тозовац, Цуне Гојковиќ или Синан Сакиќ. Свесен сум дека мојот естетски вкус и избор не ме прават интелектуално посупериорен, поблагороден, попродуховен од оној што слуша народњаци.

Никола Којо за Гидра

Зад актерите остануваат улогите, сеќавањата на нив и сувопарните Википедија информации. Драгомир Бојаниќ (почина пред 31 година) се памети по серијата Луди Години, беше агентот Кондор во Валтер го брани Сараево, прекарот Гидра (Змија) го има добиено снимајќи италијански шпагети вестерни. Бил апсен заради кажување вицови за Тито а со истата жена се женеше трипати и се разведуваше двапати. Но, тоа не е се од еден човек. 

 

Не тепајте ги децата, животот ќе ги тепа

Една убава животна лекција од Душан Прелевиќ Преле, покојниот белградски рокер и блузер со недошмирглан глас, боем, алкос но и татко. Ако раката тргне кон малото суштество, сетете се што сè го чека во животот. 

Рамбо Амадеус: Една солза за Бора

Боро, јас те паметам како многу нежен и љубезен човек, а сите знаат дека беше врвен поет и шоумен. За жал, не знаеш никому да му кажеш не, па твојот бениген кафански национален ентузијазам трапаво го префрли во јавниот простор. Нема што, погодно за злоупотреби од секаков вид. Со години потоа го носеше овој наметнат товар, но ти беше под ниво да се „вадиш“.

Арсенизми

Пред девет години почина големиот хрватски музичар, шансоњер и поет Арсен Дедиќ чија музика и поетика може, но и не мора да ви кликне на прва. Роден во Шибеник, растен на истата улица на која се растени и Мишо Ковач и Вице Вуков. Човек кој откако го прекориле што пак пие после ризичното но успешно пресадување црн дроб во Италија, има вратено: "Ме заболе, не е моја". 

Ведрана Рудан: Не жалам за ништо

Денес знам дека моите деца тогаш беа мали животни кои мораа да бидат слатки за да преживеат. Го сакам само мојот сопруг. Тој не се смени. Се каам што раѓав, мислев дека ќе родам вечна љубов. За поранешните ловци на моите гради полни млеко, живо ми се ебе. Ракот го одврза јажето што ми го окова срцето, моите деца нека си се борат со своите бури, јас одамна не сум нивен капетан.

Срби афтер ворк: Од расол до Гасол

Не го гледав доделувањето на медалите, туку (будала) отидов на Твитер за да пробам да разберам што се случувало после натпреварот и го заклучив следново: Доделувањето на медалите доцнеше затоа што организаторите се обидуваа да ги најдат српските кошаркари по Париз. На крајот ги најдоа на скара „Код Миќе Лепог“ во 18-от арондисман (или како што би се рекло кај нас, „бецирк“).

Победници и лузери

Тој Новак Ѓоковиќ, кој пред неколку години беше идиот во медиумите, сега повторно е шампион. Не успеаја да му ја уништат кариерата. Таквите сега веројатно се во некоја дупка каде што чекаат нова пандемија, нова климатска криза или некоја војна кога повторно би можеле да добијат шанса да шиканираат некој кој е поголем и подобар од нив.

А кај ви е Жан Мишел Жар?

После церемонијата на отворање на Олимпијадата, оправдано се поставува тоа прашање. Бидејќи церемонијата на отворањето, кога ќе се сведе на основните контури и ќе ги занемарите контроверзите (сатанизам и слично), неверојатно личеше на копија од два негови познати концерта. И тоа лоша копија. А можеби го немаше затоа што се меша во политика.

Ѓуро: Ако некому не му се свиѓа нашминкан маж во танга, не значи дека е хомофоб

Познатиот БиХ глумец Бранко Ѓуриќ Ѓуро, за отворањето на париската Олимпијада прво напиша дека помислил дека гледа Евровизија па праша: „Што ли сега ни порачуваат со вакво отворање  на Олимпијадата?“ Додека си рекол „Шахбаз“ настана лавина реакции па Ѓуро реши да се дообјасни.

Како Париз стана - Париз?

Приказна за грандиозното реновирање на Париз кое го извлече градот од средниот век и го направи онаков каков што е денес (или каков што сакаме да го замислуваме). Во некоја свилена демократија тешко дека би билo можно да се изведе таков потфат. Овде имате еден Наполеон, тој бира еден Осман и тргнуваат да рушат 20.000 згради и којзнае колку улици. Ама? Нема ама.

Том Морело во маица со Че Гевара

Можеби денес сме сметководители, банкари, државни службеници, но на негов концерт ние сме браќа и сестри, ние сме активисти, ние сме политички бунтовници. Морело е врвен музичар, уште подобар забавувач, но најдобар е како трговец. Тој ни продава илузија а ние ја купуваме. Ок е тоа, и од него и од нас.

Нема откажување до последниот здив а потоа пружаш рака

Кога заврши мечот, десетици луѓе спонтано станаа и почнаа да аплаудираат. Тие не го гледаа само Ѓоковиќ, тие се гледаа и самите себе. Во своите подеми и падови. Многу има разбудено во нив. Море од солзи, радости и емоции. Барем во некој веруваат кој победува и кога губи. Не се сами на светов. Погледот ми се враќа на неговата самоуверена насмевка и сфаќам - не е во прашање тенисот туку животот.  

Приказна на денот: „Затоа си сама“

Во Њујок имало „Шопинг мол за сопрузи“, кајшто жена може да отиде и да си купи маж. Шест спрата, се тргнува од најдолу, секој кат може да се посети само еднаш и нема пишман, нема враќање назад на подолниот спрат. Тргнала една жена по набавка... 

Предлог текст за напуштање на Фејсбук

Драги пријатели, ова е моето дефинитивно збогум со ова место. Многу го ценам вниманието што ми го посветувавте, особено во одредени моменти коишто беа многу забавни. Едноставно, се повлекувам затоа што не припаѓам тука.

Басара: Писател меѓу два избора

Сите повеќепартиски избори, барем на хартија и на плакати, беа „историски“ (какви ли се неисториските?), „судбоносни“ и „пресвртни“, но (евентуалниот) писател меѓу два избори, штом навлезе во материјалот, ќе биде поразен од сознанието дека ништ не беше историско, ништо судбоносно, ништо револуционерно на ниту еден од тие избори.

Небањатиот Френк Запа за Американците

Ние културолошки сме ништо, ние ништо не значиме. Секоја друга земја има своја уметност, своја музика, своја драма, свои фолк танци и фолклор и сето тоа нешто значи за нив и затоа се горди на тоа. Земја која не прави нешто за да ја одржи својата култура, каква и да е таа, која не инвестира во неа и не е горда на тоа, можеби и не треба да постои.

Телохранителот на Тито кој завршил на Голи оток

Човекот го има запознато Миломир Мариќ, се викал Бошко Чолиќ и цела војна го има чувано Јосип Броз Тито, дури и носено на грб преку Неретва и Сутјеска. За време на Информбирото му се вади  муабет дека по налог на Русите требало да го убие Тито па завршува на Голи оток. Долго по одлежувањето на казната, му заѕвонува телефон. Тито. 

Докторе и пасош нов да им извадиш

Турски хирург на Инстаграм извади дел од успешните пластични операции што тврди дека ги направил, посебно во делот на смалување на носовите на своите сограѓани и пациенти. Или ова е вистина и на докторов треба да му се даде некаков сертификат за магионичар, или само  „потоа“ сликите се филтри и монтажа.

На наш народ не му е необично ако убиеш жена. Ама ако се облечеш како жена...

Светот во кој нема да те обвинат ако си го заклал соседот, ама затоа цело село ќе те исмева ако не си се оженил до триесеттата година, ќе ви се стори морничав и чуден. Повеќето од вас сигурно ќе помислат дека тоа му припаѓа на некое далечно, заборавено време. Но размислете повнимателно. Можеби немаме многу мрднато од тогаш.

Критика на МАГА умот

Џони МекКенти е трампов лојалист, му беше личен асистент и му го водеше персоналот додека овој беше претседател. Викаат дека таму бил гад и страв и трепет, чистејќи ја Белата куќа од сите кои не му се гледале идеолошки посветени на Мake America Great Again каузата. Не нè занима. Сега е многу полабав, оди по ресторанчиња, јаде и поставува негодни прашања. Некои од вас добро ќе ви се најдат во кавга.

„Правила на блузот“ од Мемфис Ерлин

Можеш да пееш блуз ако си слеп, не можеш ако си бил слеп па си прогледал. Можеш да си блуз кога се возиш во Кадилак, не и во Волво и БМВ. Блуз си ако си упукал човек во Мемфис, не и ако тој човек преживеал. Ако се викаш Амбер или Хедер, не може да си блуз, без разлика колку луѓе имаш упукано во Мемфис. Може блузерски да умреш во мотел, не и на тениски меч или на липосукција.

Оливер Рид, најдосадниот човек на светот... кога е трезен

Голема, голема будала. Можеме да замислиме како би завршила сцената кога Оливер Рид би ги седнал во својот омилен паб (онаму каде што уште го пуштаат да влезе) оној дечко кој го глумеше Хари Потер, некој од оние кои го глумеа Спајдермен или кој било од денешниот шпил машки актерски ѕвезди. Се шалиме, не можеме да замислиме.