Како животинската маст стана непријател?

Пред СЗО во Женева во 1953 година, американскиот физиолог Ансел Кис презентирал графикон кој ја прикажувал потрошувачката на масти во однос на смртноста од срцеви заболувања во шест земји. САД на врвот. Јапонија на дното. Меѓу нив јасна надолна линија. Графиконот ќе продолжи да ја дефинира глобалната политика за исхрана во следните седумдесет години. Имало само еден мал проблем.

Ансел Кис имал податоци од 22 земји. Избрал 6.

Другите шеснаесет, меѓу кои беа Франција и Швајцарија во кои се јадат огромни количини путер и сирење а имаат ниски срцеви проблем, како и земји како Чиле во кои речиси и да не се јаде животински масти а имаат високи срцеви заболувања, ги немало на графиконот. Со нив, немало да се направи линија каква што се посакувало. 

Кога на ова било укажано, Кис веќе не бил во науката, имал човекот позвучна кариера, покривана на насловни страници на магазини како Тајм.

Кис стана претседател на комитетот за исхрана на Американското здружение за срце. Организирал студија за седум земји (продолжение на приказната за избраните шест) во која се бирале популации и временски точки што ќе ја потврдат неговата хипотеза, исклучувајќи ги оние што пречат.

Трансформирајќи се од научник во политичар, Кис го направи она што е очекувано од политичар. Ѝ се нафрли на опозицијата.

Д-р Џон Јудкин, британски физиолог, во 1972 година објави книга со наслов „Чисто, бело и смртоносно“, со тврдење дека кај шеќерите, а не кај мастите, треба да се бараат главните причини за срцевите проблеми.

Неговите податоци опфаќаат повеќе популации, повеќе години и попрецизно се совпаѓаат со порастот на кардиоваскуларната смртност во текот на дваесеттиот век.

Кис го нарече шарлатан.

Тој ја искористи својата позиција за по конференции да го блокира истражувањето на Јудкин. Вршел притисоци врз уредници, лобирал кај финансиери. Грантовите на Јудкин пресушиле. Неговиот углед беше систематски уништен од човек кој во тој момент не се занимаваше со наука, туку со рекет за заштита на својата хипотеза.

Јудкин почина во 1995 година во заборав. Оттогаш неговата работа и дела добија верификација, но тивко, без насловни страници.

Во меѓувреме, Американската асоцијација за срце, одамна финансирана од Проктер и Гембл (производители на растителната маст Криско, на кои итно им требаше причина Американците да престанат да готват со свинска маст), ги усвои препораките на Кис и ги издаде како медицински совет.

Операцијата течеше како, кхм, подмачкана. Потрошувачката на путер се намали. На маргаринот се зголеми тројно. Маслата од семки, занемарливи во 1950 година, станаа доминантна маст за готвење. Прехранбената индустрија преформулира илјадници производи за да ги отстрани мастите и да ги замени со шеќер, бидејќи мастите беа непријатели, а шеќерот не.

Стапките на дебелина во Америка, стабилни педесет години, почнаа да се зголемуваат во 1977 година, годината кога комитетот на Мекговерн ја пренесе хипотезата на Кис во федералните упатства.

Оттогаш не престанаа да се зголемуваат.

Следеше дијабетес тип 2, следен од цел метаболички синдром: замастениот црн дроб, нешто што едвај постоело во 1950 година, стана ендемски. Целата констелација на хронични метаболички заболувања со кои се соочија лекарските ординации во развиениот свет, речиси совршено се совпаѓала со кривата на усвојување на упатствата од кои Кис направи кариера.

Ансел Кис се пензионираше во Италија, пиел ладно цедено маслиново масло, јадел сирење и поживеа точно 100 години. 

Бонус:

Мравките на оваа планета постојат меѓу 100 милиони и 180 милиони години. Понудете им на тие махери за опстанок путер, класичен маргарин и маргарин со ниска масленост и еве што ќе одберат:

* извор

16 април 2026 - 09:18