„Тукушто генерирав фотографија во стилот на слика од Моне користејќи вештачка интелигенција. Ве молам опишете, што е можно подетално, што ја прави оваа слика инфериорна во однос на вистинската слика од Моне.“

Притоа, сликата ја има и обележано со ознаката „Направено со ВИ,“ за впечатокот да биде комплетен.
Вистината е дека се работи за една од 250-те слики од серијата „Водни лилјани“ на францускиот импресионист Клод Моне, во која тој прикажува сцени од својата домашна цветна градина во последните 31 година од својот живот.
Но, надобудните „критичари“ едвај дочекаа да го покажат своето остро око и да посочат на разни „очигледни“ детали што откривале зошто вештачката интелигенција не може да се спореди со вистинскиот Моне.
Некој таков дури напишал и опсежна рецензија од 850 зборови за недостатоците на делото на вештачката интелигенција.
„Разочаран сум што дури морам и да посочувам“, напишал @egg_oni. „Нема кохезија помеѓу длабочината и изборот на бои. Одразот на дрвото се провлекува во листовите од лилјани без оглед на просторната длабочина или контраст. Амалгамот од листови од лилјани и алги во позадина е исклучително нејасен, како и повеќето уметнички дела со вештачка интелигенција.“

„Одразот во ВИ уметноста е само распрскан шум“, пишува @jordoxx. „Моне вистински разбирал како светлината се однесува на вода.“

„Вистинскиот Моне е супериорен зашто носи и пренесува повеќе информации од вештачкиот“, пишува @artprograce. „Моето внимание го привлекува темниот, студен одраз на дрвјата. Ми се чинат малку чудни, премногу валкани и премногу изразени за да бидат природни.“
„Длабочината, контрастот и кохезијата се најочигледни“, пишува @para_dim3. „Исто така, не постои јасна фокусна точка.“
„Се доживува како помалку живо“, ќе навлезе во материјата @AzuriSplashes. „Недостасува текстурата, грубите рабови, наборите, пукнатините, топологијата. Суптилните акценти. Верзијата со вештачка интелигенција е само гранулирана пикселизација на која ѝ недостасува нередот на човештвото.“
За разлика од последново, друг пократко го решил проблемот.
Не чини затоа што е ѓубре. Просто е. Ова не е сликарство. Овде нема талент. Вештачката интелигенција треба да си оди.“
Наравоучение: Никој не ве тера да се правите паметни по социјални мрежи. Може само глупи да испаднете. А и да испаднете паметни, никој нема тоа да го памти.