Off Course

Зошто скафандерот на Гагарин не смеел да се фотографира?

На фотографиите веднаш по слетувањето на Земјата, Јуриј Гагарин носи обична топла термо-облека. Нормално дека не летал во вселената само со неа.

На пазар во Нигерија

Лагос е најголемиот град во Нигерија и општо во Африка. Според официјални бројки има 25 милиони жители, според гужвата на пазарот изгледа ко да има најмалку дупло од тоа.

Дечкото што го живее твојот Јутјуб сон

Под услов сонот да ти бил да купиш стара фарма, сам да почнеш да ја реновираш и тоа да го документираш на Јутјуб и да вадиш пари од истото, тогаш Карл Роџерс веќе е неколку години пред тебе.

Таксистот, собирачката на боровинки и продавачот на сендвичи што владееа со светот

Првиот се вика Владимир Путин, втората е Ангела Меркел, а третиот е Барак Обама, и пред да бидат овие имиња биле само луѓе што требало да извадат некоја пара за живот.

Големината на Африка, вечната лага на европските мапи

Африка не е голема, Африка со површина поголема од Кина, Индија, САД и најголемиот дел од Европа заедно, е најголема. Ама тоа упорно не изгледа така.

Операција „Божиќна пратка“

Се работи за најдолгата операција што американската војска некогаш ја спровела, а во неа цели 70 години американската авијација е глуми Дедо мраз за жителите на повеќе пацифички острови.

Најдобар алат за 2021 (веројатно)

„Проект фарма“ е Јутјуб канал чиј сопственик има една ретка пасија, на раб со фетиш, за што е можно понаучна методологија да тестира алат со водење статистики и правење графикони.

Како Ајфеловата кула ќе завршеше на отпад

Најпознатиот споменик во Франција и една од најголемите светски туристички атракции е изградена во знак на одбележување на годишница од Француската револуција и како симбол на француската индустриска моќ. Меѓутоа овој симбол не беше планирано вечно да трае, па ни нешто посебно долго.

Гробниците на велосипеди

На хартија речиси и да нема полесна работа од тоа да му изнајмиш велосипед на Кинез на неколку часа, за што и да му треба низ град. Во пракса излезе дека премногу луѓе во исто време ја имале истата хартија во рака.

Чистачи на упропастени теписи

Се работи за американска компанија и муштерии, па затоа и за американските типови на теписи што се распослани преку секој сантиметар квадратен од станот / куќата.

Кулачен бокс, спортот што Русија повторно го дозволи

Наводно прв пат се споменува во 11-от век, а последен пат целосно е забранет во 1832, за повторно да се појави по Октомвриската револуција само за потоа Советите само да се прават како да не го дозволуваат, се работи за голорак бокс кој вон Русија е познат како - Руски бокс.

Принцип на седум генерации

Принципот на седум генерации како филозофија која потекнува од Големиот закон на Ирокезите бара од сегашната генерација на луѓе при секоја постапка и одлука што ќе ја донесе да размисли дали таа ќе биде од корист за нивните деца седум генерации од денес.

Разнесувачот на пица што изгради империја од милијарда фунти

Наспроти почетоците во пица индустријата (Пица хат) успехот на Бен Францис доаѓа на сосема спротивната страна од дијапазонот на бизниси - фитнес и билдинг суплементи и опрема.

Сте чуле за Чарлс Харелсон?

Чарлс е лик од Тексас кој по цел живот правење зулуми станува најпознат како татко на Вудроу Харелсон или во народот познат како Вуди.

„Клиника за чанти“, доктори за упропастени чанти

Публиката за која работи компанијата е многу специфична демографија: луѓе кои имаат да потрошат илјадници евра на чанта, меѓутоа да немаат премногу илјадници па да им е сеедно дали ќе ја фрлат чантата или ќе се малтретираат да ја носат на „доктор“.

Сè е мултивитамин

За просечниот човек, витамин е неуловлив термин, бидејќи означува нешто невидливо кое се крие во вашата храна или некое кутивче во шкаф. Мултивитамин е уште по неуловлив термин, и повеќе се користи како уметнички, отколку како научен назив. На етимолошко ниво тој се однесува на кој било суплемент што содржи повеќе од еден витамин.

Превртена пирамида на теории на заговор

Веројатно најкоректниот пристап кон теориите на заговор го има Рон Фанчис кој во еден стенд-ап вели „ок е да не веруваш во сите теории на заговор... ама па да не веруваш во ниедна???“

Како се утврдува колку е 1 калорија?

Калорија е само мерка за енергија, а научната дефиниција е дека вредност од 1 калорија е количина на топлина потребна да се крене температурата на 1 мл. вода за 1 степен Целзиусов.

Некои чудни пекарски јадења од Кореја

Колекцијата е од јадења што не се ни најмалку балкански или западни, ама изгледаат како да се правени по таа палета на вкусови и како без проблем да би припаѓале на тукашна трпеза.

996, кинескиот систем на душманско работно време

Бројката е кратенка за системот на работно време на кој инсистираат главно кинеските технолошки компании: од 9 наутро до 9 навечер, 6 дена во неделата.

Дали солените ламби вршат работа?

За разлика од најголемиот дел вакви магични ветувања, логиката зад солените ламби има некои научни аргументи кои одат во нејзина корист (иако има и некои основни научни законитости со кои таа се коси).

Кога Кампањоло измисли „брзини“ за велосипед

Се до 1940-те натпреварувачите на Тур де Франс, и секој што има велосипед, има максимум две брзини (по една на двете страни од оската што врти) кои се менуваат така што застануваш, го вадиш тркалото, го вртиш на спротивната страна од тоа каде сега ти е закачен ланецот, го прицврстуваш тркалото и продолжуваш со возење. И тоа е сосема нормална пракса се додека Тулио Кампањоло не му го намонтира својот најнов изум на велосипедот на повеќекратниот шампион Џино Бартали.