После „Фестивалот на Рифкин“ што помина релативно незапазено, и после поделените мислења за „Дождлив ден во Њујорк“, Ален открива дека ќе снима 50-ти и потенцијално последен филм во Париз на есен.
Информацијата е од Л Журнал ду Диманш, каде што Ален изјавува дека финансиите и улогите се поделени за „еден вид отровен романтичен трилер“. Како што ќе каже Леонард Пирс од Филмстејџ, овде неговиот светоглед најлесно дише, но поинтригантно му е што ова може да е последната инсталација во една од најпродуктивните филмски кариери.
Во Инстаграм разговор со Алек Болдвин, Вуди Ален еднаш рече:
„Снема голем дел од возбудата. Сега правиш филм и добиваш две недели во кино, и после оди на стриминг или на дигитално изнајмување. Не е исто. Не ми е такво уживање.“
Не се ни очекува поинаку, Ален никогаш не бил тип што брка трендови, ниту ги мисли. Да држиме среќа да биде ова појако од последните два.