Студија од Journal of Neuroscience на тема „Бихејвиорални и неврални дисоцијации на социјалната анксиозност и осаменоста“ ги истакнува начините на кои овие две појави се манифестираат и колку луѓето страдаат од варирачките нивоа на социјална анксиозност.
Вака тоа го решиле:
Креирале игра што од учесниците бара да изберат меѓу нискоризичен облог, кој би им донел мала сума на пари, или повисокоризичен облог што би им донел поголема сума. Но, кога би го избрале поголемиот ризик, би морале да се соочат со видео од некој што или ги фали, или ги кара за изборот што го направиле.
Тие со повисоки нивоа на социјална анксиозност, го преземале помалиот ризик, затоа што станале поанксиозни кога се соочиле со задачата. Но, неколку од учесниците со високи нивоа на осаменост, немале толкав проблем. Наместо директна поврзаност со социјалната анксиозност, извештајот покажува дека осаменоста е „повеќе поврзана со емотивна реактивност со предрасуда за негативни настани наместо социјално избегнување“. Во основа, ако сте осамени, тоа не мора да значи дека е затоа што не поминувате доволно време со други луѓе; катализаторот може да е нешто сосема поинакво, а дружељубивоста може и воопшто да не помогне со таа осаменост.
Како што ќе го срочи тоа студијата: „осаменоста е уникатна состојба што бара сопствени интервенции.“ И има смисла. Понекогаш, осаменоста дава чувство на оддалеченост од оние околу тебе.
Имавме и за „како да си ја прифатиш осаменоста“, што е метод кој се раководи според идејата дека осаменоста нема врска со анксиозноста. На крај, во ред е да не се терате да се дружите со луѓе. Наместо тоа, може да се побараат значајни и ефикасни начини да се живее со осаменост.